Мадалина Дијана Генеа ја нарекуваат „нова Софија Лорен“, што доволно зборува за нејзината убавина. Пофалбите не завршуваат тука, па фановите ја прогласиле и за најубава жена на светската јавна сцена.
Познатата убавица е многу забележана за време на овогодинешниот Кански филмски фестивал, кој е во тек, а силен впечаток остава и на настаните што ја следат оваа култна манифестација.
Мадалина Дијана Генea била меѓу бројните познати гости на синоќешната хуманитарна вечера „Knights of Charity“ во Кан, која секоја година го следи Канскиот филмски фестивал. Традиционалниот настан го организира Милутин Гетсби, познат Србин, а целта е да се обезбеди помош за децата, како и за сите оние кои се загрозени и на кои им е потребна поддршка.

Мадалина Дијана Геанеа, која е родена во Слатина во Романија, а со години живее во Италија, со својот моден избор потврдила дека ѝ се најомилени раскошни и изразито провокативни фустани. И кога ќе помислите на спој на гламур и предизвикувачки стил, тоа изгледа доволно драматично, а фустанот на познатата глумица ја доловува таа необична комбинација.
Тоалетата со шлеп, од раскошен материјал, со машни на рацете и детали од тул кои служат како замена за гламурозни ракавици, изгледа толку впечатливо што несомнено ќе ја забележите личноста која ја носи.

Кога таков фустан ќе облече ѕвезда како Мадалина Дијана Генеа, уште поголемо внимание се посветува на ваквиот стајлинг. Гламурозниот дизајн на фустанот е проследен со огромен шлиц кој е максимално долг, па оди и преку таа граница, целосно разоткривајќи ги нозете.

Кога Мадалина Дијана Генеа се свртела, покажала гол грб, а кројот е таков што делува како фустанот да е полу симнат. Некому, ваквите провокативни фустани му се многу привлечни, некому пак премногу смели. Но имајќи ги предвид нејзините бројни претходни изданија, заклучокот е дека таа успешно се носи со ваквите модни комбинации.

Мадалина Дијана Генеа била и на премиерата на филмот на Енди Гарсија „Дијамант“ во Кан, каде носела провокативен, но поумерен фустан.
Дали ви се допаѓа стилот на оваа актерка? Споделете со нас во коментари.










