Инспирирани од Galaxy Fold и Huawei Mate X, од кинеската компанија Oppo неофицијално го претставија својот концепт на телефон на преклопување со голем, флексибилен екран.
Потпретседателот на компанијата, Брајан Шен претстави низа на фотографии од првиот флексибилен телефон на Oppo.
Шен во рамките на својата објава на Weibo, нагласи дека Oppo не планира да го лансира својот прототип на пазарот, освен само ако голем број на корисници не одлучат да го купат. Од прикажаните фотографии, може да се заклучи дека компанијата повеќе ќе „украде“ од дизајнот на Huawei , отколку на Samsung.
Неименуваниот прототип ќе има голем OLED екран кој што е на надворешната страна кога телефонот е склопен, за разлика од дизајните кои што го „кријат“ екранот кон внатрешната страна од уредот. Исто така, може да се забележи и дел на едната страна од телефонот, каде што најверојатно има камера и други сензори.
Безразлика дали Oppo ќе го прифати предизвикот и ќе го лансира на пазарот својот прв ваков телефон, јасно е дека не очекува ера во која се повеќе на пазарот ќе доминираат паметните телефони на преклопување.
Доколку сте меѓу купувачите кои што се подготвени да потрошат околу 2 илјади евра за ваков уред, тогаш ќе ви се допадне тоа што „претставата започнува“, посебно поради тоа што голем број на кинески производители очигледно ја сакаат оваа прилично скапа технологија.