Црвениот крст ќе им додели по 30.000 денари на семејствата на загинатите граѓани

Макфакс

14/02/2019

15:44

814

Големина на фонт

а а а

Црвениот крст соопшти ќе им додели парична помош во висина од 30.000 денари на семејствата на загинатите граѓани.

„Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000 денари за секое семејство“, велат од Црвениот крст и упатуваат сочувство до семејствата на загинатите и повредени граѓани во трагичниот настан.

Во автобуската несреќа, која се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово, животот го загубија 14 лица, а десетици се повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг