Спалети: Икарди сам не сакаше да игра

Точка

14/02/2019

09:08

1.124

Големина на фонт

а а а

Тензиите на релација Интер – Икарди пораснаа, откако двете страни очигледно не можат да се договорат околу платата на Аргентинецот која што треба да ја добие со новиот договор.

Интер и Икарди и натаму немаат договорено продолжување на соработката, а поради непрофесионално однесување, управата на миланскиот клуб одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот.

Сепак, скандалите не престанаа тука – имено, набрзо потоа италијанските медиуми пренесоа дека Икарди бил исфрлен од списокот за вечерашниот дуел на Интер против Рапид Виена во Лига Европа, нешто што го демантираше тренерот на Интер, Лучијано Спалети.

„Не е точно дека Икарди е исфрлен од екипата на Интер за дуелот во Лига Европа. Искрено ќе ви кажам, тој одлучи дека нема да игра. Јас сакав да игра против Рапид, но тој одби. Беше разочаран поради капитенската лента и ни беше тешко да му кажеме. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Спалети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг