ММФ и Светската банка се тајно американско оружје за државни удари: Викиликс разоткрил како САД ги користат лидерите од сенка за финансиски тероризам и поробување на суверени држави

Точка

13/02/2019

19:52

5.497

Големина на фонт

а а а

Документот на Пентагон од 248 страни од 2008-ма година, кој го потпишале генералот Џорџ Кејси и Џојс Моров, помошник на тогашниот американски министер за одбрана, кој го објавил Викиликс, открива како и на кој начин САД со децении ги користат ММФ и Светската банка како свое тајно оружје.

Во овој "прирачник за поткопување на суверени држави" нема подрачје што не е опфатено, од финансии и економии, до традиции, култури, религии и сите пори на социјалниот живот. За подрачјата за кои обично се мисли дека со нив се занимава ЦИА, утврдено е дека се на удар на ММФ и Светската банка, за кои Викиликс наведува дека е доведена во сомнеж нивната независност како главни меѓународни финансиски институции. 

Опширниот документ открива дека во 2008-ма година постоела визија за политичка криза во Венецуела, а во завршниот дел се објаснува како овој "неконвенционален начин на војување", како што го нарекуваат Моров и Кејси, влијаел на политичките процеси од Виетнам до Авганистан од 80-тите години па до денес, како и во останатите американски интервенции во светот. Документот, секако, фрла сенка и на тврдењето кое секојдневно го слушаме за хиперинфлацијата и економската криза во Венецуела, како последици од лошо управување, бидејќи ја потврдува тезата дека и да сакал нешто Каракас да направи по тоа прашање, не можел.

Во таа смисла се точни тврдењата на оние кои потсетуваат дека уште за времето на Чавез владата на Венецуела требала да тргне по патот "дедоларизацијата" и да ги раскине економските врски со САД, да се ослободи од американскиот долар и да си обезбеди нови пазари. Ништо од тоа не било направено и операцијата на Вашингтон,со помош на ММФ и Светската банка, била само уште една рутинска работа за американската влада.

Американската војска меѓу другото ги користи главните глобални финансиски институции, Светската банка, ММФ и ОЕЦД, како оружје за промовирање на своите интереси во странство, открива тајниот воен прирачник од 2008-ма година.

Дел од прирачникот "Финансиски инструмент на националната моќ и неконвенционална американска војна" е напишан во септември 2008-ма година, а Викиликс документот го објавил уште во декември истата година. Сега повторно се привлекува вниманието на документот, кој се опишува како американски прирачник за спроведување на државни удари, со оглед на тоа дека ја објаснува моменталната политичка криза во Венецуела, како и кампањата на економски притисок која Вашингтон ја водел против оваа латоноамериканска држава.

Во прирачникот стои како американската војска "сфаќа дека правилно интегрираната манипулација на економска сила може и мора да биде составен дел од неконвенционалното војување". Освен тоа, истакнува дека Советот за национална безбедност, кој моментално го води Џон Болтон, "сноси главна одговорност за интеграцијата на економските и воените инструменти на национална моќ на САД во странство".

Прирачникот отворено го признава тоа што многу аналитичари го тврделе со децении, а тоа е дека "независните" финанасиски институции, како што се Светската банка и ММФ, всушност се продолжена рака за спроверување на сила од страна на американската влада. Се додава и дека овие две институции служат за остварување американските геополитички цели во странство, како што тврди Витни Веб, новинарка и аналитичарка од порталот "Mint Press News".

Пример е, според нејзиното мислење, Светската банка која има седиште во Вашингтон и чиј претседател секогаш бил Американец, а директно го бирал претседателот на таа земја. Вашингтон воедно е и најголем акционер на банката, САД се единствен член со право на вето, а американскиот министер за финансии Стивен Мнучин воедно е и неофицијален гувернер на Светската банка. ММФ исто така во голема мерка е под влијание на Вашингтон, кој е негов најголем акционер и плаќа најголем надомест за одржување на институциите, потсетува Витни Веб и предупредува дека тие организации своите заеми можат да ги користат за окупација на задолжените народи.

Во таа смисла, аналитичарката нагласува дека со оглед на блиските врски меѓу американската влада и тие институции не би требало да изненади што Хуан Гваидо, кој се прогласил за привремен претседател, бара средства од ММФ за финансирање на неговата паралелна влада. Според мислењето на новинарката Веб, тоа е многу значајно, бидејќи покажува дека главна цел на Гваидо, освен приватизација на резервите на нафта во државата, е и поврзување на земјата со должничката машинерија која ја контролира Америка.

Мета на ова финансиски оружје бил и Еквадор, чиј сегашен претседател Ленин Морено земјата се обидел да ја врати во милост и немилост на Вашингтон, па спровел ревизија за доделување на азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. За оваа отстапка ММФ на морено му ветил преговори за заем од 10 милијарди долари.

Во листата е вклучена и Аргентина, која минатата година добила најголем кредит за спасување во историјата на ММФ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг