Изминативе денови на социјалните мрежи се споделува видео во кое една млада дама кажува дека носи гардероба во вредност од 50.000 евра.
Видеото непрекинато се коментира од страна на јавноста, дали, како и зошто една млада девојка носи толку скапа гардероба, а инфлуенсерката Миа Костова напиша статус на социјалната мрежа Фејсбук во којшто вели дека „една „Шанел“ ташна покри трагедија“, алудирајќи на двојното убиство коешто се случи во Велес каде беа убиени Росица и нејзиниот татко, а потоа извршителот на убиствата си го одзеде животот.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
„Двојното убиство и самоубиство замина во заборав, а го покри веста за ташната и Cartier часовникот на Елена за кој се дискутира дали е 5.000 или 30.000 евра, дали тие пари требало Елена да ги пренасочи за добротворни цели и, крајно, како ги има заработено? Тоа е сѐ што треба да знаете за природата на овој народ. Шанел ташна покри трагедија. Cartier часовник покри илјадници постови за психопат кој живеел меѓу нас. Размислете““.
Двојното убиство и самоубиство замина во заборав а го покри веста за ташната и КартиеР саатот на Елена за кој се...
Posted by Миа Костова on Saturday, September 20, 2025