Тој е прогласен за најголема икона во светот на забавата

Точка

18/01/2019

13:06

1.917

Големина на фонт

а а а

Легендарниот пејач Дејвид Боуви е прогласен за најголема икона во сетот на забавата во 20-тиот век. Тоа го изгласале гледачите на емисијата "Икони" на "BBC", а во конкуренција биле уште и Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј, пренесува "Independent".

Целта на гласањето била публиката преку гласање да ја "избере најголемата ѕвезда на 20-тиот век". Во емисијата се претставени уште четири категории, па гледачите бирале не само најголема икона во светот на забавата, туку и во спортот, науката, активизмот, уметноста. 

Така Боуви се натпреварува и со другите категории, односно за титулата најголема икона на 20-тиот век.

Кога станува збор за останатите категории, Алан Туринг ја однел победата во категоријата "Научници", Ернест Шаклтон во категоријата "Истражувачи", а Нелсон Мандела во категоријата "Лидери".

Уште се бираат и победници во категоријата Активисти, Спорт, како и уметници и писатели.

Публиката ќе избира најголема икона на 20-тиот век на 5-ти февруари, кога ќе биде и соопштено која личност најмногу се издвоила во 20-тиот век.

Анкетата во јавноста предизвикала и несогласувања бидејќи некои сметале дека изборот е премногу тесен, со оглед на тоа дека не биле земени во предвид многу други светски великани. Луѓето најмногу негодувале поради тоа што на списокот не се нашле Битлси и Елвис Присли.

Дејвид Боуви умрел на 11-ти јануари 2016-та година, по 18-месечна борба со ракот. Боуви починал само два дена пред да го прослави 69-тиот роденден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг