Конфликт помеѓу водителот и популарната актерка: “Познатите личности ги прават менталните болести модерни”

Точка

12/01/2019

13:39

4.803

Големина на фонт

а а а

Британскиот водител Пирс Морган и ѕвездата на серијата “Game of Thrones”, Софи Тарнер, јавно се “судриле” по пат на Твитер откако Морган го поддржал ставот дека поединечни познати личности се трудат да ги модернизираат менталните болести.

Пирс е познат по тоа што сака да предизвикува контроверзии во јавноста, а овој пат младата Софи “загризала на мамката” и одлучила да му одговори. 


“Или можеби имаат платформа преку која можат да зборуваат и да помогнат да се елиминира стигмата со менталните болести кои погодуваат една од четири личности во Велика Британија. Но, те молам, само напред, туркај ги назад во тишината”, напишала таа како одговор на неговиот став и го нарекла познатиот водител “глупак”.


На тоа Морган одговорил:

“Здраво Софи, те молам немој да ме злоставуваш на овој начин – тоа му штети на моето ментално здравје. Ти благодарам”, напишал тој под нејзиниот коментар.


И покрај многуте други критики кои му биле упатени поради поддржување на овој став, водителот одговорил дека и понатаму смета дека е во право и дека познава голем број луѓе кои “скокнале во групата на жртви само за да добијат позитивен публицитет” и дека мора да се внимава менталните болести да не станат “Гучи чантичка”.

Бидејќи Тарнер продолжила на својот Твитер профил да пишува за овој проблем и злоупотребата на приказни за менталното здравје од страна на оние кои не знаат за што зборуваат, водителот имал уште една порака за неа:

“Здраво, јас се потсмевав на твоето грдо обраќање кон мене, додека во истовреме пробуваш да ми одржиш лекција за менталното здравје. Дали мислите дека злоставувањето на луѓето им помага на нивното ментално здравје, госпоѓице Тарнер? Можеби треба да размислите по тоа прашање за вашата следна морална Твитер теза на оваа тема?”.


Актерката повеќе не му се обратила на контроверзниот Морган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг