Необично семејство: Тие се добри пријатели иако и двајцата сакаат иста жена

Точка

12/12/2018

17:39

6.019

Големина на фонт

а а а

Џејсон Момоа и Лиса Бонет се во среќна врска од 2005 година. Станува збор за глумецот кој ја толкува улогата на Аквамен и ѕвездата на серијата "Игра на тронови", кој веќе со години е во љубовна врска со глумицата Лиса Бонет.

Лиса е најпозната по улогата во некогаш популарната серија "The Cosby Show" и по бракот со рокерот Лени Кравиц со кој ја има и 29 годишната ќерка Зои. Со Џејсон е во врска од 2005 година, а парот има две деца. Иако се сомневаат дека парот се венчал во 2007 година, официјално се во брак од октомври 2017 година. 

Ако помисливте дека Џејсон и Лени не се согласуваат, гадно сте се излажале. Момците одлично се согласуваат, што Џејсон уште еднаш докажа неодамна на Инстаграм кога ја објави нивната заедничка фотографија и се пофали како музичарот му купил прстен во облик на череп како што носи и самиот Лени.

Лени и Лиса останале многу блиски пријатели после разводот, а поранешниот сопруг често ја нарекува најдобра пријателка. После разводот бројни славни дами се најдоа во креветот на рокерот како Ванеса Паради, Адриана Лима и Кајли Миног, а со глумицата Никол Кидман некое време бил и верен.

"Лиса и јас сме најдобри пријатели. Денес сме едно големо, среќно семејство и Зои е најважна", изјави во една прилика музичарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг