Откако во неделата се појавила информација дека Здравко Мамиќ би можел да го преземе Широки Бријег, на интернет се појавила снимка која покажува дека тој живее исто како и пред пресудите за тежок криминал.
На социјалните мрежи кружи снимка на која некогашниот владетел на хрватскиот фудбал, кој по изрекувањето на пресудата од шест и пол години затвор поради извлекување на пари од Динамо, прибежиште побарал во БиХ, ги пее своите омилени стихови "Не може нам нико ништа" од српскиот пејач Митар Мириќ.
Со оглед на тоа дека има двојно државјанство, Мамиќ по пресудата се преселил во Меџугорје, а "Klix.ba" пишува дека сега се појавил и на свадба кај Чапљине.
На снимката која се појавила на Инстаграм и ЈуТјуб, Мамиќ со раскопчана кошула ги пеел своите омилени песни - "Не може нам нико ништа" и "Таман је".
Снимката предизвикала различни реакции. Додека некои го нарекуваат Мамиќ легенда и цар, други го нарекуваат кукавица, но и многу други погрдни имиња.















