Служела војска, прогласена за најубава на светот, а сега е во врска со возач на Формула 1

Точка

13/05/2026

12:01

675

Големина на фонт

а а а

Формула 1 викендот во Мајами не му донесе многу среќа на Ленс Строл на самата патека, но надвор од неа канадскиот возач дефинитивно однесе победа.

Гласините кои со месеци кружат на социјалните мрежи конечно се потврдени – возачот на „Aston Martin“ е во врска со една од најубавите жени на денешницата, Израелката Јаел Шелбија.

Парот се појави држејќи се за рака, со што ставија крај на шпекулациите кои започнаа по една заедничка фотографија што „протече“ во јавноста.


Јаел (23) е многу повеќе од „девојка на спортист“. Оваа млада Израелка во 2021 година се најде во центарот на светската јавност кога на престижната листа на магазинот „TC Candler“ беше прогласена за „најубаво лице на годината“, оставајќи зад себе бројни холивудски ѕвезди.

Нејзиниот пат до славата започнал на целосно необичен начин. Кога имала 16 години, пријателите, и покрај нејзиното противење, ѝ отвориле профил на „Instagram“. Фотографиите веднаш го привлекле вниманието на локалните фотографи, а нејзината кариера брзо тргнала во нагорна линија. Денес на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 1,4 милиони луѓе.


Работела кампањи за брендовите на Ким Кардашијан и Кајли Џенер, а пошироката јавност ја запозна и преку реклама за мобилни телефони во која се појави рамо до рамо со Лионел Меси.

Она што ја издвојува Јаел од другите модели е нејзината необична биографија. Пораснала во ортодоксно еврејско семејство, а медиумите често пишуваат за тоа како успева да ги усогласи строгите верски правила со гламурозниот свет на моделингот.


Исто така, како и сите граѓани на Израел, Јаел го отслужила задолжителниот воен рок, и тоа во воздухопловните сили на својата земја. Наместо цивилно служење, на кое имала право, Јаел се одлучила токму за воена служба.