Червар се враќа во Македонија, Пелистер е новиот предизвик: Доаѓам во клуб со голема традиција и историја…

Дерби

13/05/2026

13:00

141

Големина на фонт

а а а

Трофејниот хрватски стратег, Лина Червар повторно се враќа на македонската ракометна сцена и тоа со ангажман во екипата на Еурофарм Пелистер.

Некогашниот македонски селектор и екс предводник на Металург одговори позитивно на повикот од Битола и ќе го води клубот во следните две сезони.

- Чест ми е што доаѓам во Еурофарм Пелистер, клуб со голема ракометна традиција и историја. Ќе направам сè, за со играчите, управата и моето искуство да работиме на нови идеи, спортски и организациски планови. Пелистер над сè, само еден тим, само еден град, само Битола, - порача Червар.

Лино има огромно искуство како на клупски така и на репрезентативен план и со своето знаење ќе се обиде да му помогне на Пелистер да напредува и се издигне на уште повисоко ниво.

- Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите, -велат од таборот на поранешниот македонски шампион.