Трагедија во НБА-лигата: Почина 29-годишниот кошаркар на Мемфис

Точка

12/05/2026

21:34

625

Големина на фонт

а а а

На 29-годишна возраст почина кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк.

Точните детали и околностите на неговата прерана смрт во овој момент сè уште не ѝ се познати на јавноста.

Кларк својот пат во најсилната кошаркарска лига во светот го започнал во 2019 година, кога како 21. пик на драфтот го избра Оклахома Сити Тандер, по што веднаш преку размена на играчи бил проследен во Мемфис.

Во дресот на Гризлис ја поминал целата своја седумгодишна професионална кариера, одигрувајќи вкупно 309 натпревари. Во тој период бележел просек од 10,2 поени, 5,5 скока и 1,3 асистенции по натпревар, а неговиот неспорен талент бил препознаен уште во првата сезона, кога иле избран во најдобрата „руки“ петорка на НБА-лигата.

За жал, оваа натпреварувачка година за него беше исклучително тешка, бидејќи поради сериозна повреда на листот, здобиена во март, успеа да настапи на само два натпревари.


Роден во Ванкувер, Кларк почнал да го гради своето кошаркарско име на колеџот „San Jose State“, за во 2017 година да се префрли на престижниот универзитет „Gonzaga“.

По задолжителната година пауза поради правилата за трансфери, станал една од клучните фигури на тимот. Со одлични партии ја предводел екипата на тренерот Марк Фју до длабок пласман на НЦАА-турнирот и настап во фазата „Елит 8“. За време на престојот во Спокен постигнувал одлични 16,9 поени по натпревар, со што заслужил место во ценетите Ол-Американ тимови според изборот на „Associated Press“ и „Sporting News“.


Сепак, последните месеци од неговиот живот биле засенети од сериозни проблеми надвор од теренот. Минатиот месец Кларк бил уапсен во американската сојузна држава Арканзас откако според извештаите учествувал во потера бегајќи од полицијата со голема брзина.

Тогаш против него биле поднесени обвиненија за бегање од органите на редот, како и за поседување и трговија со контролирана супстанција, односно кратом. Овој правен процес останал отворен и нерешен во моментот на неговата смрт.