Истрагата за исчезнатиот саудиски новинар ја следи и Ердоган

Макфакс

07/10/2018

17:49

1.413

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лично го следи слуачјот со новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, кој исчезна минатата недела.

Претходно денеска турските истражители соопштија дека сметаат оти познатиот саудиски писател и новинар за „Вашингтон пост“, е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

„ Веруваме дека тоа било убиство со предумисла и дека телото е подоцна изнесено од конзулатот“ рекол висок турски претставник за АП.

Од саудискиот конзулат во Истанбул ги отфрлија ваквите тврдења нарекувајќи ги неосновани и додале дека испратиле нивен тим истражители за да помогнат во истрагата.

Ердоган рекол дека властите ги чешлаат сите видео снимки и го надгледуваат аердромот, но ќе ги почекаат резултатите од истрагата на обвинителството.

Кашоги, кој живеел во егзил во САД, исчезна во Истанбул минатиот вторник, за време на посета на конзулатот во кој дошол за да среди документи за да се жени со неговата вереница од Турција, а во конзулатот тврдат дека тој ја напуштил резиденцијата.

Тој е долгогодишен новинар, познат по тоа што пишувал критички тектови за саудискиот принц, но ја критикувал и Саудиска Арабија поради војната во Јемен и спорот со Канада. Тој е познат и по интервјуата со лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него меѓу 1987 и 1995 година.