Израелците патуваат во Русија поради соборувањето на авионот: Висока делегација во Москва ќе однесе клучни докази

Точка

20/09/2018

10:19

3.228

Големина на фонт

а а а

Воена делегација на Израел на чело со командантот на израелската воена авијација, Амикам Норкин денес ќе допатува во рускиот главен град Москва.

Израелската делегација ќе допатува во Русија со нови информации за инцидентот во кој што беше соборен рускиот извиднички авион „Ил-20“ од страна на сириската против-воздушна одбрана која што беше приморана да реагира поради нападот кој истовремено го изведуваа израелски воени авиони.

Анализа: Ќе има ли одмазда или „мечката“ повторно ќе се скрие? Кој би бил одговорот на Путин за срушениот авион во Сирија?

„Командатот на воената авијација заедно со неговите придужници ќе ја претстават сликата на тоа што се случи во сите аспекти, вклучувајќи ги и основните заклучоци од истрагата која што ја спроведе армијата на Израел“, стои во соопштението.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 17-ти септември во 23:00 часот по московско време била загубена врската со рускиот авион „Ил-20“ кој што се враќал во воздушната база Хмејмим во Сирија. Авионот со 15 војници се наоѓал на 35 километри од брегот на Средоземното море.

Истовремено, како што соопштија од руското министерство, четири израелски ловци „Ф-16“ ги нападнале позициите на сириската армија во Латакија.

Според податоците на руското министерство за одбрана, криејќи се над рускиот авион, израелските ловци го изложиле на нападите на против-воздушната одбрана на Сирија. Поради тоа, авионот „Ил-20“ бил соборен од ракета лансирана од ПВО системот „С-200“ на сириската армија, а во инцидентот загинаа 15 војници.

Премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изразил подготвеност на руските власти да им бидат предадени сите информации неопходни за истрагата за падот на авионот „Ил-20“ и предложил во Москва да биде испратен командантот на израелската воена авијација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг