Америка: Дури и кога смртта им тропа на врата овие намирници никогаш нема да ги купат од супермаркет

Точка

13/09/2018

20:43

10.921

Големина на фонт

а а а

Ураганот Флоренс се приближува кон крајбрежјето на САД, вонредна состојба е веќе прогласена во 4 држави, а населението кое живее во близина на крајбрежјето е советувано да се засолни на безбедно, бидејќи најверојатно ќе дојде до поплави.

Во неколку области луѓето се евакуирани, а се очекува дека милиони луѓе ќе ги напуштат своите домови. Оните кои имаат во план да останат, морале да обезбедат безбедносни мерки за таа вонредна ситуација. 

Ураганот Флоренс е еден од најкатастрофалните кој ќе ја погоди Америка, а првиот голем удар се очекува денес. Вонредна состојба е прогласена во Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и Мериленд, а ураганот во понеделникот беше прогласен за невреме од 4 категорија. Се очекува до крајот на неделата да пристигне и до петтиот степен.

Сосема е можно дека последиците од ураганот ќе се почувствуваат и на далечина од стотина километри од центарот на невремето, па океанот ќе биде немирен и околу Бермуда и северните карипски острови.

Дури ниту оваа голема опасност не може да ги спречи луѓето на оваа катастрофа да им пристапат со мала доза на хумор. На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија со празни рафтови во еден супермаркет, но со еден необичен детаљ. Фотографијата покажува празни рафтови од сосема нормални производи, додека рафтовите со вегански намирници се речиси полни. Всушност, оваа фотографија е снимена минатата година, но сепак се смета за духовита со цел на луѓето да им се одвлечат црните мисли од ураганот.


Некои духовити луѓе се пошегуваа на сметка на веганите, па така оваа фотографија доби повеќе варијанти, односно се појави со различни натписи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг