Евтини дијаманти, фармерки за долар и друга сомнителна роба: Цела Америка оди во оваа продавница во Алабама, а да можевте, ќе одевте и вие

Точка

23/07/2018

18:33

3.985

Големина на фонт

а а а

Сомнително евтини дијаманти, фармерки за долар и пар скии за евтино. Тоа не е сон - туку реални цени во продавница во еден град во Алабама.

Тајната е во тоа што таму се продаваат работи од куфери, изгубени за време на патувања со авиони, чии сопственици не ги пријавиле или не ги земале кога биле пронајдени. 

Секоја година, авиокомпаниите губат околу 20 милиони куфери, и додека повеќето од нив го наоѓаат својот пат до сопствениците, илјадници никогаш не се собрани.

Седум илјади нови предмети секој ден - од креации на познати креатори, преку Библии до скии. Работите кои ги губат патниците во американскиот авио-сообраќај и никогаш не ги пријавуваат или собираат кога ќе се пронајдат, често завршуваат на полиците на специјализираната продавница во градот Скотсборо, во Алабама. 

Додека речиси две третини од несобраниот багаж обично завршуваат во добротворни организации, најквалитетните работи најчесто може да се најдат тука.

"Авио-компаниите губат многу работи - луѓето пакуваат многу работи! Кога ќе помислите што се патниците се обидуваат да стават во куферите или одделите над седиштата..."., вели Бренда Кантрел, "амбасадор" на продавницата за несобран багаж.

Бренда Кантрел работи во продавницата за несобраниот багаж веќе 20 години и видела некои навистина необични работи.

"Инвалидска количка, штаки...Чекајте, луѓето влегле во авионот со количка или штаки? Како тогаш излегле од авионот без нив", рекла таа.

Центарот за несобраниот багаж е отворен во 70-тите години, кога покојните Дојл и Су Овенс, основачи на компанијата, изнајмиле камионет и земале кредит од 300 долари, за да го откупат неоткупениот багаж од една автобуска компанија. Денес, Скотсборо е позната дестинација за шопинг, како за мештаните, така и за туристите.

Брајан дошол на одмор во Алабама, па решил да оди и на шопинг.

"Ја препорачувам оваа продавница! Возев 800 милји само за неа", рекол Брајан.

Тејлор, жителка на Скотсборо, пак, живее неколку улици подалеку од продавницата за багаж и вели дека ја посетува барем три пати во неделата.

"Веројатно 75 проценти од мојот плакар се состои од туѓ багаж. Денес купив шорц, костим за капење и хавајска кошула", вели таа.

Бренда Кантрел ја купила својата бурма од оваа продавница. "Кажете ми - зошто ја вадат кога патуваат", објаснува таа.

Само 0,5 проценти од пријавените торби не доаѓаат на крајната дестинација, а во рок од една недела околу 98 проценти од нив доаѓаат до сопственикот. Во останатите случаи - американските авио-компании трагаат по сопствениците на багажот 90 дена. После тоа, нечија загуба се претвора во добивка за клиентите на оваа единствена продавница.