Има 101 година, одбива да живее како неговите врсници – еве како им пркоси на годините и која е тајната на долговечноста на овој дедо

Точка

03/07/2025

14:00

1.280

Големина на фонт

а а а

Џек Вебер има 101 година, ја надживеал својата сопруга, ги испратил најдобрите пријатели и преживеал Светска војна, Големата депресија и пандемијата на коронавирусот. Сепак, секое утро тој се буди со цел и благодарност.

„Мојот став е: Не дозволувај му на старецот да влезе. Доколку мислиш младо, поверојатно е дека ќе делуваш младо“, мисли овој симпатичен старец.

Џек Вебер живее по тој принцип во животот и односите и верува дека тоа е клучот на неговата долговечност.

Не дозволува тоа да го запре

Вебер ја запознал жена си Бети на факултет. И натаму го памети моментот кога го прашала да ѝ биде партнер во лабораторијата на часот по анатомија.

„Мојата мајка не одгледа глупаво момче. Затоа ја искористив можноста. Од лабораториски партнер стана моја прва љубов на факултет“, изјавил овој човек.

Биле во брак 57 години, изгледале пет деца и имаат 11 внучиња. Кога Бети почнала во 2004 година после десетгодишна борба со карцином на дојка, Џек не мислел дека ќе живее уште долго.

„Не е лесно. Треба да е тука, да седи покрај мене“, изјавил тој за својата сопруга. Но, наместо да се повлече во тага, одлучил да продолжи да живее, како физички така и емоционално.

„Децата ми рекоа: Тато, мора да се вратиш во живот. Имаш уште многу години пред тебе, многу работи кои сакаш да ги направиш и доволно тагуваше. Ги послушав, продолжив со животот“, изјавил Џек.

Џек Вебер живее кај една од своите ќерки и се труди да не ѝ биде товар.


„Не се жалам. Доколку нешто ме мачи, не сакам да ги оптоварувам другите со своите проблеми. Да, имам некои болки, но за тоа не зборувам и не дозволувам да ме контролираат“, вели овој дедо.

„Не се трудам да правам нешто за што мислам дека не можам да го правам. Тоа е важно затоа што физички можете да се повредите доколку претерате“, изјавил тој.