Шокантна насловна на "Time": Не можат да му простат на Трамп што сака мир со Путин и еве како го претставуваат тоа

Точка

20/07/2018

18:44

5.432

Големина на фонт

а а а

Американското списание "Time" на својата насловна страна објавил фото илустрација на која се преклопени ликовите на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со намера да го претстави актуелниот момент во надворешната политика на таа земја.

Косата на Трамп, усните и образите се споени на насловната страна на "Time" со носот и очите на Путин. Фото илустрацијата на визуелната уметничка Ненси Барсон треба да "го претстави актуелниот момент во надворешната политика на САД, по средбата на Трамп и Путин во Хелсинки", навел "Time" во соопштението. 

Барсон е пионирка во овој вид на уметност, а работата ја започнала пред 30 години со научниците од Институтот за технологија во Масачусетс.

"Спојувањето на лица е поразличен начин луѓето да го забележат тоа што не можеле претходно", рекла Барсон.

"Time" неколку пати објавил и анимација на Твитер, на која лицето на Трамп се менува со тоа на Путин. Трамп бил остро критикуван од опозициските демократи и неговите републиканци поради настапот на состанокот со Путин, кога ги критикувал американските разузнавачки служби во врска со мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016. година.

Ова е втор месец по ред "Time" да го стави Трамп на насловна. Минатиот месец, кога во центарот на вниманието на американската јавност била одлуката на Трамп за раздвојување на мигрантските семејства на границата со Мексико, списанието на насловна страна објавило фото илустрација на која претседателот на САД од високо гледа дете кое плаче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг