Единствена Македонија бара сојуз со Русија да биде опција на референдумот

Макфакс

19/07/2018

13:10

1.014

Големина на фонт

а а а

Референдумот не може да биде прашање само на една алтернатива – НАТО и ЕУ, туку потребно е почитување на концептот за референдум како прашање од интерес за целиот народ со вклученост на двете постојни алтернативи во земјата: НАТО и ЕУ или Русија и ЕЕУ. Ваков став преку соопштение изнесе проруската политичка партија Единствена Македонија.

„Зоран Заев вчера обелодени дека на лидерската средба за референдумот ги поканил сите партии кои се само за членство на Македонија во НАТО и ЕУ со што продолжува да го крши Уставот во неговиот очајнички поход да сруши сè што е македонско. Во Уставот е запишано дека граѓаните може да се изјаснуваат на референдум и дека Македонија може да стапи во членство во меѓународни организации, меѓутоа во Уставот не пишува дека тие меѓународни организации треба да бидат НАТО и ЕУ, туку која било од повеќето меѓународни организации и сојузи кои постојат во светот“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Партијата додава дека власта очајнички се обидува да ја исклучи алтернативата Русија и ЕЕУ и секој кој размислува различно од неа и нивните странски ментори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг