Претседателот на Рома потврди: Наинголан во Интер, Алисон најблиску до Реал Мадрид

Точка

14/06/2018

16:08

1.496

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Рома, Џејмс Палота проговори за трансфер плановите на неговиот клуб во летниот преоден рок.

Рома деновиве ги потврди трансферите на Кристанте и Клајверт, а се очекува наскоро „Олимпико“ да го напуштат неколку фудбалери. Секако, во фокусот беа двете најголеми ѕвезди, Раџа Наинголан и голманот Алисон Бекер.

Палота беше запрашан дали некој од нив ќе заврши во Наполи, а претседателот на Рома одговори:

„Не, Де Лаурентис не сака да потроши толку пари. Алисон чини многу, за неговите услуги потребни се 78 милиони евра и тој е најблиску до Реал Мадрид, а Наинголан ќе се пресели во Интер“, изјави Палота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг