Двајца играчи на Рома во жестока расправа со управата поради отказот на Де Роси

Точка

20/09/2024

17:28

2.350

Големина на фонт

а а а

Отказот на Даниеле Де Роси предизвика многу бура не само во Рома, туку и во италијанскиот фудбал воопшто.

Со денови веќе се пишува за тоа, на негово место дојде Иван Јуриќ, а двајца играчи на Рома биле изразено против одлуката да му се врачи отказ на Де Роси.


Тоа се лидерите во соблекувалната, Лоренцо Пелегрини и Џанлука Манчини.

„Corriere Dello Sport“ пренесува дека тие двајца биле многу незадоволни од одлуката на управата и дека имале дури и жестока расправија со директорите во среда…


Два дена порано, управата на клубот разговарала со Дибала и Паредес, а и двајцата го поддржале отказот за Де Роси. Пелегрини и Манчини се обиделе да ја убедат управата да не го отпушта Де Роси, но тогаш веќе било предоцна.

Во недела Рома игра против Удинезе, а тогаш на клупата ќе дебитира Хрватот Иван Јуриќ.