Тетоважите на Ибрахимовиќ исчезнаа: Гест којшто никој досега не го направил, а многумина го поддржаа

Точка

20/09/2024

18:17

4.110

Големина на фонт

а а а

Познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ порано имаше тетоважи на телото коишто сега ги нема, а ова е причината за тоа.

Во 2015 година, Ибрахимовиќ го прослави својот гол за Пари Сен Жермен против Кан, така што го соблече дресот и го откри своето тело коешто тогаш беше прекриено со нови тетоважи. Тоа се случи во втората минута од натпреварот, а Златан го соблече дресот иако знаеше дека судијата ќе му додели жолт картон.

Токму тоа и се случи, Златан доби жолт картон и мораше да го пропушти наредниот натпревар против Монако, но оваа негова суспензија вредеше, бидејќи Швеѓанецот имаше добра причина за соблекување на дресот.


Подоцна Ибрахимовиќ објасни зошто го направил овој гест: „Кога го соблеков дресот на натпреварот против Кан, сите се прашуваа кои се моите нови тетоважи. Имав 15 тетоважи кои не беа трајни, тоа беа имињата на сите луѓе во светот коишто страдаат од глад. Сега овие тетоважи ги снема, но овие луѓе сè уште страдаат. Се надевам дека можевте да ги видите преку мене“ вели Ибрахимовиќ.

Златан се впушти во борба против „светската глад“ заедно со Обединетите нации, а со тоа тој ги замолче критичарите, коишто го обвинуваа дека е опседнат со себе и егоистичен.


Ибрахимовиќ во текот на својата кариера одигра 819 натпревари, постигна 496 голови и 204 асистенции, во дресот на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Исто така има освоено 12 шампионски титули (две со Ајакс, три со Интер,една со Барселона, две со Милан и четири со Манчестер Јунајтед), а во 2013 година го постигна најубавиот гол во сезоната за што доби и награда, а исто така со Барселона го освои „UEFA“ суперкупот и „FIFA“ светското првенство за клубови, додека во 2017 година ја освои Европа лигата со Манчестер.