Тензично меѓу лидерите на самитот "Г7"! По острите препирки на Трамп со Макрон и Трудо, Белата куќа реагирала: Претседателот заминува од собирот веќе по првиот ден

Точка

08/06/2018

13:34

4.795

Големина на фонт

а а а

Пред почетокот на дводневниот самит на групата на седумте најразвиени земји на светот (Г7) во канадската покраина Квебек, конечно е разјаснето дали американскиот претседател ќе присуствува таму, откако официјално било соопштено дека шефот на Белата куќа ќе дојде во Канада, но дека веќе утре ќе ја напушти и ќе патува за Сингапур.

"AP" наведува дека последните денови Трамп давал лути изјави по повод учеството на самитот, каде лице во лице ќе биде соочен со политичките одлуки кој ги донел. Се наведува дека меѓу американските сојузници имало и шпекулации дека Трамп би можел да го напушти самитот или дека воопшто нема да се појави. 

Оваа одлука била соопштена откако Трамп разменувал остри коментари со францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Макрон на Твитер напишал коментар во кој се зборува за изјавите на Трамп.

"На американскиот претседател можеби не му пречи тоа што е изолиран, но ни на останатите 6 земји нема да им пречи да потпишат договори ако треба. Затоа што овие шест држави претставуваат вредност, економски пазар и историја и стануваат вистинска меѓународна сила", напишал Макрон.

Сепак, од Белата куќа доцна вчера дошло соопштение дека Трамп сепак оди во Канада, но дека самитот ќе го напушти на почетокот на вториот ден од заседавањето, по завршувањето на сесиите посветени за зајакнување на жените.

"Претседателот од Канада директно ќе отпатува во Сингапур, каде оди на средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун", навела портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Таа додала дека по заминувањето на Трамп, во Квебек ќе го застапува заменикот помошник за меѓународни економски работи, Еверет Ајсенстат.

"AP" потсетува дека домаќинот на самитот "Г7", Џастин Трудо, американските трговски тарифи за неговата земја ги нарекол навредливи и оценил дека таквата тактика не е начин на кој две држави, кои заедно војувале во Втората светска војна, Кореја и Авганистан, треба да се однесуваат една кон друга.

Администрацијата на Трамп се судрила со Канада и околу нејзиното инсистирање 24 години стариот Северноамерикански договор за слободна трговија, во кој се САД, Канада и Мексико, да биде променет за подобро да им служи на интересите на Вашингтон.

Американската агенција наведува дека Трудо најпрво се воздржувал од критики на сметка на Трамп, надевајќи се дека со него би можел да воспостави личен однос кој би му помогнал да го зачува "NAFTA" договорот, за кој во 1985. година на самитот "Г7" во Квебек преговарале тогашниот премиер на Канада Брајан Малруни и американскиот претседател Роналд Реган.

"AP" додава дека Малруни и Реган брзо воспоставиле пријателски однос и дека на самитот дури и заедно ја испеале "When Irish Eyes Are Smiling".

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвинил канадскиот премиер Трудо дека е толку огорчен, додека двајцата се подготвуваат за самитот "Г7" кој денес почнува во Квебек.

"Reuters" наведува дека централна тема на самитот ќе бидат несогласувањата околу трговските односи.

"Премиерот Трудо е толку огорчен, зборува за односот кој САД и Канада го имале во текот на годините и разни други работи...но не го споменува фактот дека тие нам ни наплаќаат царини од 300 проценти за млеко - тоа им штети на нашите фармери, го убива нашето земјоделство", порачал Трамп вчера преки Твитер.

Групата "Г7" ја сочинуваат Канада, Јапонија, САД, Велика Британија, Италија, Франција и Германија, а на самитот ќе присуствуваат и претставници од ЕУ.