Дали внесувате доволно витамини и минерали преку храната?

Точка

06/06/2018

17:00

7.841

Големина на фонт

а а а

Познато ни е дека витамините и минералите се многу важни за нашето здравје, но поради стресното секојдневие во кое живееме и лошиот избор на храна, ретко посветуваме внимание на тоа да консумираме храна која е богата со витамини. Во прилог прочитајте кои витамини и минерали му се најпотребни на нашето тело и во која храна може да ги најдете во изобилство.

Зошто витамини и минерали?

Без нив не можеме да вршиме ниту една физичка функција, да размислуваме, па дури и да дишеме. Воедно, истражувањата покажуваат дека доволен внес на витамини и минерали служат како превенција за канцер и срцеви заболувања, но играат круцијална улога и при други состојби на нашето здравје.


Кои витамини и минерали се најважни?

1. Витамин А
Многу е важен за здравјето на очите и генерално за растот и развојот, вклучувајќи ги и здравите заби и кожата. Најмногу се содржи во морковите, портокалите и слаткиот компир. 

2. Витамин Б
Важен е за енергија на оганизмот и имунолошките функции. Се содржи најмногу во непроцесирана храна, продукти од цело зрно, компир, банана, чили пиперки и грав. 

3. Витамин Ц
Витаминот Ц игра голема улога за цврстината на крвните садови и ѝ дава еластичност на кожата. Има улога на антиоксидант и го апсорбира железото во организмот. Се содржи во портокалот, црвени и зелени пиперки, киви, грејпфрут и јагоди. 


4. Витамин Д
Витаминот Д е многу важен за здравјето и цврстината на коските. Овој витамин може да го косумирате преку храна како што се: јајца, риба и печурки. 

5. Витамин Е
Потребен е за добра циркулација на крвта, а може да го консумирате преку храна меѓу која: бадеми или други јаткасти плодови, сончогледови семки и домати. 

6. Витамин К
Овој витамин игра голема улога при коагулација на крвта и е од голема важност. Се содржи во спанаќот и брокуклата. 


7. Калциум
Калциумот е најважен за здравјето на забите и коските. Калциумот го консумираме преку исхрана со млечни производи како: млеко, јогурт, сирење и кашкавал. 

8. Цинк
Цинкот го подобрува имунитетот и позитивно влијае на плодноста. Се содржи во морските плодови, спанаќот, мешункастите плодови и црното чоколадо. 

9. Железо
Важно е за природна изградба на мускулите и одржување на здравјето на крвта. Железото во голем процент се содржи во леќата, остриги, месо, соја, семки од тиква, мешунки и спанаќ. 

Дали е само храната доволна?


Повеќето мислат дека со добрата исхрана ќе внесат доволно количество од сите витамини и минерали кои му се потребни на организмот. Нажалост, храната која ја јадеме е толку процесирана што прави да внесеме само одредено, редуцирано количество на витамини и минерали.

Една од опциите да го надокнадите количеството на витамини и минерали е преку нутриционистичките суплементи, како што е храната nuMe. На секој производ од асортиманот на nuMe се наоѓа табела на енергетски вредности, вклучувајќи го количеството на витамини и минерали кои го внесувате со одброкот.


Доколку размислувате да започнете со диета, еден од најважните елементи во тој процес на слабеење е да не го намалите количеството на внес на овие витални супстанции. Продуктите од асортиманот на храната nuMe ви овозможуваат стопроцентно да го внесете количеството на витамини и минерали, како и други нутритиенти кои му се потребни на телото во текот на денот. Притоа, внесувате многу мал процент на калории.


NuMe шејковите, супите и барчињата за слабеење кои се на база на колаген се совршени диетски продукти со кои преку шест оброци во денот ќе ги внесете сите потребни хранливи вредности, Омега – 3, влакна и енергетските вредности кои се препорачливи за здраво слабеење и функција на организмот.

Оваа нутриционистичка програма е развиена од страна на професионалци за третман на прекумерната тежина и е клинички тестирана и одобрена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг