Меланија Трамп повторно во јавност по повеќе од три недели

Точка

05/06/2018

13:06

2.551

Големина на фонт

а а а

Американската прва дама Меланија Трамп, која 24 дена не се појавувала во јавноста, во понеделникот присуствувала на собир во Белата куќа, приреден во чест на воените семејства, со што ставила крај на шпекулациите дека на некој начин исчезнала.

Белата куќа не им дозволила на новинарите да известуваат за собирот со име "Голд Стар", поради почит кон воените семејства, што значи дека Меланија Трамп со свои очи ја виделе само 40-тина членови на тие семејства и службеници на американската администрација, додека другите ја виделе на социјалните мрежи. 

На фотографиите и снимките објавени на Твитер, се гледа првата дама во црна тоалета без ракави и на високи потпетици како влегува во Источниот салон заедно со сопругот, претседателот на САД, Доналд Трамп.

"Прекрасно изгледаше", рекла пензионираната подофицерка Дајана Пајк.

Како што навела, Трамп се пошегувал во врска со шпекулациите дека сопругата наводно го оставила, но рекол дека таа се чувствува добро.

Првата дама на Твитер објавила неколку фотографии од вчерашниот собир, меѓу кои две на кои се гледа како седи покрај претседателот.

Меланија Трамп, инаку, последен пат била видена во јавноста на 10. мај, кога со претседателот ги дочекала тројцата Американци кои се вратиле од притворот во Северна Кореја.

Четири дена подоцна, Белата куќа соопштила дека таа била хоспитализирана поради лечење на бубрезите.

Нејзиното отсуство предизвикало шпекулации од разни видови, но првата дама не покажала интерес да се појави во јавноста само за да им се спротивстави на гласините.

"Госпоѓа Трамп е многу силна и независна", рекла нејзината портпаролка Стефани Гришем.