Ова беше само загревање: Следната голема битка на Трамп ќе биде кај Ѕидот со Мексико!

Точка

04/06/2018

14:33

8.360

Големина на фонт

а а а

Според Стив Бенон, следната голема битка на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде подигањето на ѕидот долж границата помеѓу САД и Мексико.

На американските Републиканци и натаму им се прогнозира лош резултат на изборите за Конгрес во ноември, но таквиот исход не е неизбежен, смета Стиф Бенон, шеф на кампањата која што на Доналд Трамп пред две години му обезбеди претседателски мандат.

„Ако Републиканците продолжат вака, ќе загубат 40 места во Представничкиот дом на Конгресот и ќе отворат постапка за смена на претседателот Доналд Трамп“, изјави Стив Бенон.

Бенон, како главен идеолог на популистичкиот бран на кој што Доналд Трамп влезе во Белата куќа, во Рим на лице место се увери како изгледа невообичаената коалицја на популисти и националисти, кои што заедно освоија половина од гласовите на неодамнешните избори во Италија и формираа влада.


Таков вид на коалиција, но на американска територија - мешавина на левица и десница, стари и млади, тоа го гледа како своја цел.

„Европа е околу една година пред САД“, вели Бенон и ја предвидува можноста елементи како Берни Сандерс (ривал на Хилари Клинтон во таборот на Демократите), заедно со движењето на Трамп да станат доминантна политичка сила во американската политика.

Стратегијата на Републиканската партија, на ноемвриските избори за американскиот Конгрес, да укажат на своите заслуги за сегашното добро здравје на економијата на САД и на малите даноци.

Бенон, кој што сфаќа дека гласачите повеќе реагираат следејќи ги емоциите, отколку слушајќи ги недоверливите економски анализи, смета дека таквиот пристап е фундаментално погрешен и на Републиканците им порачува: „Морате да ги национализирате изборите“.

„Ова ќе бидат емотивни избори - или сте за Демократите, или сте за Доналд Трамп“, смета Бенон и предвидува дека конгресните избори на 6-ти ноември ќе бидат, ни помалку, ни повеќе, туку втората претседателска трка на Доналд Трамп.


Бенон смета дека имиграцијата е прашањето на кое што Републиканците треба најмногу да се сконцентрираат. Тој смета дека Доналд Трамп досега само се загревал во процесот на „национализирање на изборите“ околу прашањето на имиграцијата и предвидува дека неговата следна голема битка ќе се води околу ѕидот долж границата со Мексико, чија што изградба ја вети за време на неговата претседателска кампања.

„Ѕидот не е само симбол, тој има апсолутно централно место во програмата на Доналд Трамп“, изјави Стив Бенон.

Тој, исто така е уверен дека претседателот на САД, ако до 30-ти септември Конгресот во буџетот не ги вклучи и трошоците за изградба на ѕидот, ќе одбие на него да стави потпис, што ќе доведе до престанување на финансирањето на федералните служби, односно ќе доведе до таканареченото „затворање на владата“.