„Кралот“ е подготвен за втората битка со Бостон: Леброн на едноставен начин и со перфектна меморија ја воодушеви јавноста

Дерби

14/05/2018

14:46

1.401

Големина на фонт

а а а

Кливленд Кавалирс очајно ја отвори финалната серија со Бостон Селтикс притоа губејќи го првиот меч во „Ти-Ди Гарден“ со 108-83.

Домашниот состав одигра перфектен меч како во нападот така и во одбраната притоа неутрализирајќи го Леброн Џејмс кој уфрли 15 поени со шут 5 од 16 и притоа загуби седум од севпкупно деветте загубени топки на Кавси. Самиот Џејмс се свесен оти одигра под своето ниво и веќе е подготвен за втората битка за „келтите“, а најдобар доказ за тоа е што точно и прецизно знае се што се случуваше на теренот.

Имено ѕвездата на Кливленд доби прашање од медиумите што се случи на почетокот на завршниот период во кој гостите наместо дополнително да притиснаат и да намалат од негативата (тоа им успеа во третиот период 29-17) која во тој момент изнесуваше 14 разлика (78-64) тие примија седум поени во низа за околу 70 секунди по што комплетно се распаднаа и не се вратија во игра.

Токму тие 70 секунди прецизно од точка до точка ги потенцираше Леброн притоа покажувајќи каква меморија има, но и дека ништо не му бега и се внимателно прати. Со овој потег Џејмс ги импресионираше медиумите, но и јваноста во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг