Столе ги изнасмеа сите присутни во Келн со својот заклучок за ждрепката: Имав некое чудно претчувство…

Дерби

02/05/2018

13:53

3.436

Големина на фонт

а а а

Веднаш по извлекувањето на полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, задолжените луѓе за ждрепката воспоставија комуникација со капитените на четирите тима на фајнл-фор турнирот преку Скајп, а според правилата, задачата да даде први импресии од епилогот во име на Вардар ја имаше Стојанче Стоилов.

За разлика од останатите тројца капитени (Кавтичник, Рудолф и Степанчиќ) кои беа крајно сериозни, Столе во свој стил ги изнасмеа сите присутни во салата во Келн, порачувајќи дека имал некое чудно претчувство дека ќе им се падне француски противник од три француски ривали….

– Имав некое чудно претчувство дека ќе ни се падне француски тим, не знам зошто беше тоа така, – започна Столе по што почна да се смее самиот тој, но и сите присутни кои го гледаа преку скајп врската во салата.

– Минатата година бевме аутсајдер и се излезе прекрасно, но сега сме бранители на титулата и ситуацијата е поразлична. Искрено немав некоја посебна желба пред ждребот, сите тимови кои се на завршниот турнир имаат еднакви шанси за трофеј, – гласеше вториот дел од изјавата на Столе која беше доста посериозна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг