Откриена вистинската причина поради која Меси не се појави на прошталниот прес на Иниеста

Дерби

28/04/2018

17:28

4.448

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси и Луис Суарез непријатно ги изненадија шпанските новинари за време на вчерашната проштална прес-конференција која ја одржа Андрес Иниеста, бидејќи двете големи ѕвезди на Барселона не се појавија во прес-центарот на „Камп Ноу“ каде капитенот емотивно ја соопшти својата конечна одлука.

Иниеста одлучи после 22 години да стави крај на својата незаборавна етапа во Барселона, но при соопштувањето на истата, во салата не му правеше друштво неговиот долгогодишен соиграч од младинските денови, Лео Меси. Бидејќи брзо се крена врева на оваа тема, Барселона излезе со кратко соопштение преку кое образоложи дека Меси и Суарез го пропуштиле прошталното обраќање на Иниеста поради неодложни приватни причини, а сега каталонските медиуми открија за што всушност станувало збор, барем кога е во прашање Аргентинецот.

„Мундо Депортиво“ открива дека првата ѕвездда на Барселона уште од поодамна имал закажан термин за обновување на пасошите заедно со својата сопруга и синовите, па токму оваа неодложна обврска направила да не се појави на пресот и да го пропушти последниот емотивен прес кој го одржа Иниеста како капитен на Барселона.

Истиот весник информира дека Лео всушност се поздравил со Иниеста во тренинг центарот и го испратил Андрес на најемотивното обраќање во својата кариера, а повеќе од сигурно е дека Аргентинецот ќе биде присутен на институционалното испраќање кое ќе го организира Барса во чест на својот капитен, а кое предвидено е да се одржи по крајот на сезоната.