Славниот актер е непрепознатлив: Том Харди ги изненади обожавателите со фотографии од снимањето на “Фонзо”

Точка

14/04/2018

17:50

6.461

Големина на фонт

а а а

Том Харди неодамна ги воодушеви обожавателите со фотографија од снимањето на филмот “Фонзо” на Џош Тренк, во кој се појавува во улога на Ал Капоне.

Но, на најновите фотографии, Том е дефинитивно непрепознатлив. Актерот го толкува ликот на 47-годишниот Ал Капоне кој по излегувањето од затворот Алкатраз, покажува знаци на деменција, а го прогонува и неговото мрачно минато. Капоне боледува од сифилис и полека почнува да ги губи своите пријатели. 

“Фонзо” е филм кој обожавателите ширум светот со нетрпение го очекуваат, а сè што нѝ преостанува дотогаш е да уживаме во фотографиите кои Харди ги објавува на својот Инстаграм профил.






Спонзорирани линкови

Маркетинг