Претставен е новиот Forester: 5-та генерација на популарниот џип на Subaru воодушевува

Точка

02/04/2018

17:40

6.383

Големина на фонт

а а а

На Саемот за автомобили во Њујорк деновиве беше претставена петтата генерација на Subaru Forester.

Најпродаваниот модел на Subaru, Forester добива нешто поизменет надворешен изглед и „премногу“ технологија, од која што една технологија е премиерно претставена во овој сегмент.

Се темели на платформата Subaru Global Platform, што значи дека Forester пристигнува во димензии од 4625 х 1815 х 1730 со меѓуосовинско растојание од 2670 милиметри. Пространоста во внатрешноста е загарантирана, а неговата способност на совладување на офроуд терените овозможена со подигнатоста од тлото која што изнесува 220 милиметри.


Кога станува збор за технологијата, од Subaru велат дека тоа е нивниот најнапреден автомобил досега. Новата генерација на Forester пристигнува со бројни системи за помош при возење, од кои што најмногу се истакнува премиерниот „мониторинг систем“.

Станува збор за технологија за препознавање на лице, која што ќе открива дали возачот е заморен или пак нешто му попречува во возењето. Секако, покрај тоа, системот ќе може да препознава и автоматски да ги подесува седиштата, воланот и слично, врз основа на претходно зададените поставки - доколку има повеќе возачи на автомобилот.


Под хаубата е сместен штедливиот 4-цилиндарски 2.5-литарски мотор кој што развива 185 коњски сили, поврзан е со 7-степенски менувач, а силата секако се пренесува на сите четири тркала.