Цената на најновата акциска камера на GoPro изнесува 199 долари, а оваа камера овозможува снимање на видеа во Full HD и 1440p, правење на фотографии со резолуција од 10 мегапиксели, како и правење на time-lapse фотографии и видеа.
GoPro го претстави основниот модел на камерата Hero која што на корисниците, освен навистина пристапната цена (секако, во однос на другите камери на GoPro) од 199 долари, ќе ги привлече купувачите со опциите како што се - екранот чувствителен на допир со дијагонала од два инчи и водоотпорноста до два метри.
Од компанијата велат дека врз основа на истражувањето на барањата на нивните корисници, тие утврдиле дека корисниците најмногу ги бараат токму тие две опции - екран чувствителен на допир и водоотпорност без користење на куќиште, па во GoPro веруваат во одлична продажба на камерата.

GoPro Hero не е наменет за корисниците кои што бараат некои понапредни опции како снимање на видеа во 4К резолуција, забавени видео снимки или фотографирање и снимање во услови со слаба осветленост. Но, се чини дека за просечните корисници оваа камера ќе биде идеална затоа што нуди квалитетни видео снимки и има пристапна цена.
Со Hero ќе може да се снимаат видеа во 1080p и 1440p при 60, односно 30 fps, фотографии со 10 мегапиксели, time-lapse фотографии и видеа во интервали од половина секунда.
Секако, треба да се спомене и видеостабилизацијата, гласовните команди и вградениот Wi-Fi така што видеозаписите, односно фотографиите ќе може да се испратат на телефоните веднаш, а потоа и да се обработат преку специјалната GoPro мобилна апликација.
Освен Hero, од GoPro во продажба ќе пуштат уште една акциска камера од 199 долари - Hero 5 Session чии што главни адути ќе бидат малите димензии, водоотпорноста и одличниот квалитет на направени фотографии и видеа, но оваа камера ќе нема екран чувствиелен на допир, ниту пак заменлива батерија.











