Екипата на YouTube каналот "Carwow" ги тестираше двете најбрзи лимузини од „Е“ сегментот - Mercedes-AMG E63S и BMW M5.
За прв пат, откако продажбата на М5 започна, овој автомобил се најде „на линијата“ со својот можеби и најголем конкурент на пазарот, суперлимузината на Мерцедес која што се појави на пазарот во текот на минатата година.
На хартија разликите се минимални. И двата автомобили имаат погон на сите четири тркала со таканаречената "Drift" опција, при чија активација, целата сила се фокусира на задните тркала од автомобилот.
Исто така, вкупната маса на двата автомобили е слична и изнесува околу 1,9 тони. Двата автомобили под хаубата имаат V8 мотори кои што се впарени со тандем на турбо полначи.
Кај Мерцедес, зафатнината изнесува 4 литри со сила од 612 коњски сили, додека 4,4-литарскиот мотор на БМВ М5 произведува 600 коњски сили. Фабрички наведеното забрзување од 0 до 100 километри на час изнесува 3,4 секунди.
Како што може да се види, Мерцедесот е победник во двете трки на забрзување од мирување, додека резултатите од сопирањето и забрзување од летечки старт беа многу слични.