Жарот за патот до Тибет бил комбинација од старата жед за авантура и малку академска љубопитност. Доколку навистина Александар Македонски има стигнато до Тибет, како би го доживеал тоа и кои мисли би му се зародиле, ни кажа на почетокот на разговорот Блаже Аризанов, Македонецот кој со неговата идеја ги руши табуата во Индија.
Тој е основач и сопственик на старт-ап компанија за хотелиерство, која на туристите и посетителите низ 40 градови во Индија им нуди престој во парови, без да се во брачна заедница. За посетителите, престојот таму бил особено комплициран, бидејќи според индиските морални кодекси двајца кои не се во брачна заедница не можат да престојуваат во иста соба. За да им го олесни престојот, Блаже упорно ја промовирал својата идеја која беше поддржана и од која за само три години заработи милиони долари.
Неговото нестандардно работно време и тоа што не е „врзан“ за фиксен работен простор, му овозможува слобода. Слобода на живеење, на дишење, на консумирање на светот во секоја смисла на зборот... и патувања. Многу патувања. Токму на едно од нив го реализиравме и овој разговор со него. На станиците, за време на паузата при бавното возење со живописните индиски возови, низ чудесните предели на оваа земја, Блаже ни го раскажа неговото искуство таму во земјата која секојдневно го фасцинира одново и одново...
Личноста не ми беше пријател пред тоа. Дури не се познававме воопшто. Прочитал некаде за мојот повик за поддршка и дечките од веб порталот off.net.mk некако се пронајдоа себеси во сето ова и ме поврзаа со него. Одлучија братски да придонесат и да ме поддржат. Но, она што досега не беше објавено е дека по проектот и понатаму ми фалеа малку пари. Погрешна пресметка од моја страна. И затоа одлучив повторно да му пишам на истиот човек и да го замолам да ми даде уште 500 евра. И знаете што? Веднаш се согласи! Па, од него добив сè на сè 1500 евра. Месец дена подоцна, тргнав од Делхи кон Катманду, а оттаму со авион до Ласа. Бев во друштво на уште пет патници - прекрасна група луѓе. Стар татко и неговиот син од Америка, извонреден млад Германец болен од леукемија, една Германка и една девојка од Австралија.
Првите три години ги поминав во корпоративни средини, во одделите за продажба и маркетинг на ИТ компании. Секој месец бев сè пофрустриран, особено заради етичките пракси на ваквите фирми. Од друга страна, уште од мали нозе негував идеали за тоа каков би требало да биде светот според мене, како да се третираат луѓето и како да се формираат работни односи во една компанија. Но, туѓите компании не беа расположени за мојот идеализам. Па, така за мене скокот во претприемништво беше логичен чекор. Почна да ми се гади од самата помисла повторно да работам во туѓа компанија и морав да основам своја. Но, за разлика од претходно овој пат идеалите кои ги негував почнаа да ми делуваат остварливи и реални. Знаењето, финансиската слободна и независност можат да направат чуда за нашата самодоверба.
Ова беше проблем на кој се жалеаше секој индиски пријател. Од почеток не знаев зошто. Наскоро дознав. Двојките доаѓаа кај нас поради тоа што не им е дозволено да преноќат ако не се венчани. Без оглед на сè. Кога го слушнав ова бев запрепастен и гневен. Гневен на ваквата култура. Гневен на луѓето кои ги знам, на една генерација од една милијарда луѓе на кои им требаше еден ќелав странец за да им го реши овој проблем. Активистот во мене „зовре“ на помислата на ваквата неправда. Од почетокот разно-разни луѓе ни пристапуваа кога и да одевме по улица за да ја промовираме компанијата и услугата. Ни велеа: „Зарем не ви е страв од Бог.. Неморални чудовишта“...
Оние поподмолните не велат ништо, туку одат право кај полицаецот во близина за да му се пожалат за она што го правиме. Колку ли пати само нè бркаа, за да повторно се вратиме следната вечер. Проблемите околу моралната уцена се далеку помали сега. Веќе не добиваме агресивни закани онлајн. Станавме мејнстрим феномен! Оние на кои им парираме со бренд и комуникација и понатаму нè обожуваат. Останатите кои нè мразат, видоа дека не можат да нè избркаат. Се шегуваме дека сме како „Скајнет“ – немаме централно јадро, туку сме дисперзирани во умовите на илјадници луѓе. Не можеме повеќе да бидеме исклучени, не можеме да бидеме потиснати, вирусната идеа за слобода од морални ограничувања се замени во индискиот ум и тоа на многу плодна почва. Моја задача беше да им ја всадам идејата во умот на начин на кој не можат да го игнорираат. И горд сум дека успеав во тоа. Буквално е така – немаме фиксно работно време, фиксна канцеларија, централна ИТ инфраструктура и сервери. Потполно сме децентрализирани. Но, истовремено сме присутни во умовите на илјадници млади Индијци. А, бројката расте секој ден.
Им овозможува на младите невенчани парови да си резервираат хотелска соба каде ќе бидат сигурни дека никој нема да им противречи, да ги гледа од страна и да им поставува непотребни прашања. Со гарантирана приватност.
Идејата е широк и апстрактен поим. Еден претприемач не работи со идеи. Ако нешто, што и да е, се продаде во 50 единици е супер. Ај, да видам дали ќе се продаде во уште 500 единици. Ако да - тогаш честитај си самиот себеси, имаш потенцијален бизнис. За 50 единици продажба од било што не требаат ниту консултант, ниту храброст, ниту кукавичлук, ниту било која од тие апстрактни психолошки фрази. Постои само мрзеливост. А мрзеливите заслужуваат многу повеќе.
Не знам дали сум среќен и што е тоа среќа. Знам дека со секој следен ден сум емоционално и духовно подобар и дека живеам живот каков отсекогаш посакував, со основа на финансиска слобода, можност да отидам каде сакам, кога сакам, прочитам која било книга... Среќата според мене е комерцијален поим и нема допирна точка со објективната реалност. Она на кое треба да работиме не е да бидеме среќни, туку да акумулираме доволно “фин” материјал за формирање на душа. По душа подразбирам одреден дел од нас кој ќе ја надживее смртта на физичкото тело. Човештвото погрешно смета дека сите ние имаме душа. Воопшто не е така. Некои поседуваат душа, а некои не. Душата се формира од материјал кој го акумулираме во нашите тела преку соодветен начин на живот, со текот на годините.
Далеку сум јас од богат, односно сум богат ама само на хартија. Сум еден од доминантите сопственици на млада фирма, со одлична стапка на раст и затоа избирам да ги реинвестирам сите средства во нејзиниот раст, наместо да ги повлечам во свој џеб. Преферирам да инвестирам во иднината и го правам тоа со задоволство. Во срце сум хипи и сум пресреќен кога имам ден кога немам потрошено повеќе од 100 денари и кога немам генерирано ниту грам штетен пластичен отпадок.
Многу работи: од телесна и емоционална природа. Како пијат вода, како се хранат, во каков интервал, како обожуваат, како готват, како манифестираат гнев или радост или емоции... за кој мојот спректрум не е свесен како се гледаат себеси и како се поврзани со нивната потесна заедница, што даваат во неа и што добиваат од неа. Сето тоа би можело да биде книга сама за себе.
Сега имам два дома – Индија и Македонија. Така ќе биде и понатаму.
Станувам, го џогирам подот за загревање на телото, пијам литар топла вода, практикувам џал нети (јога техника за прочистување на дишните патишта со солена вода и еден час јога). Ова ми го сочинува утрото. Работно во текот на денот, со паузи за прошетка или дремка или состанок, без фиксен временски интервал.
Патувам да, но многу поретко од претходно, особено не авионски. Човештвото со својата потреба за авантура неповратно уништува парче природа со секој следен авионски лет. Ова ме става во конфликт. Од една страна, страсен сум за патување и нови пространства, од друга - ме јаде совест кога морам да „фатам лет“. Со воз, во секое време. Пред еден месец бев до Индонезија. Австралија е следна за посета, оова пролет, а потоа Кина. Се надевам. Читањето ми е најголемо задоволство. Не сум некој зборлив тип, пособено не околу спиритуални прашања со кои напротив, постојано ме задеваат. Порано бев човек на теоријата. Сега ми е битна само праксата, длабоката работа на самиот себе, без многу муабети и интелектуални дискусии со џоинт во рака. Филмови избегнувам да гледам, освен ако не се научна фантастика, а литература сакам секаква: бизнис, техники на спиритуален развој, фармерство, финансиска литература, футуристички трилери, историја....
Немам. Животен партнер моментно не ми е во приоритет. Освен тоа, повеќето девојки се шокираат кога ќе дознаат дека си имаат работа со чудак, кој во име на разно разни психофизиолошки експерименти си го мие лицето со првата утринска урина, забите со пепел и не користи сапун (хаха).
Село Борисово, Струмица. Имаме прекрасни водопади таму и ако дојдете рано наутро сигурно ќе ме најдете седнат пред некој од нив во медитативна практика. Доаѓам најчесто во лето.
Експанзија на фирмата низ цела иднина и лансирање на наш сопствен синџир на хотели - https://stayuncle.com/
Пишува: Гордана Настевска-Манасијеска
Фото: Приватна архива
Среќата според мене е комерцијален поим и нема допирна точка со објективната реалност. Она на кое треба да работиме не е да бидеме среќни, туку да акумулираме доволно “фин” материјал за формирање на душа. По душа подразбирам одреден дел од нас кој ќе ја надживее смртта на физичкото тело
Практикувам јога. Таа е интегрален ден од мене веќе пет години – Блаже покрај реката Ганг, Индија
Патувањето на Тибет кое му го промени животот
Говорник на многу настани - „Ground Zero“ фестивал, Индија
Мојот живот во Индија низ неколку фотографии ...