Американците ја демонстрираат својата сила: Испратија бомбардери и ловци во Јужна Кореја

Точка

18/09/2017

15:01

2.375

Големина на фонт

а а а

Американските воздухопловни сили испратија неколку бомбардери Б-1Б и ловци Ф-35 да учествуваат во вежбите со јужнокорејската армија над Корејскиот полуостров и со тоа да им ја демонстрираат својата сила на севернокорејските власти.

„Бомбардерите полетаа од островот Гуам, а борбените авиони од Јапонија. На нашите авиони им се придружија шест јужнокорејски борбени авиони“, открил неименуван висок функционер од американското министерство за одбрана.

Кина и Русија денес исто така започнаа воени поморски вежби во близина на брегот на Северна Кореја додека растат тензиите на Корејскиот полуостров предизвикани од нуклеарната програма на Пјонгјанг. Сето ова исто така се случува во пресрет на овонеделното Генерално собрание на Обединетите нации, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

„Ројтерс“ потседува дека Северна Кореја минатиот петок лансираше нова балистичка ракета која што прелета преку Јапонија, втора во последните три седмици, а претходно, на 3-ти септември Пјонгјанг нареди изведување на шестото тестирање на досега најмоќната хидрогенска бомба.

Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ пренесува дека зедничките поморски вежби со Русија, Кина ќе ги одржи во близина на рускиот град на далечниот исток - Владивосток, односно недалеку од руско-севернокорејската граница.