Време е за летни одмори, а многумина од вас се веќе некаде покрај море. Секако, сакате да забележите колку што е возможно повеќе спомени, па можеби купивте и водоотпорен телефон. Сепак, тоа не значи дека со него може сосема безбедно и да се капете...
Со цел да знаете што може да очекувате од својот водоотпорен телефон, клучна е ознаката IP (Ingress Protection) и броевите коишто следат после неа.
Првиот број ја означува отпорноста на тврди предмети, како што се прашината, со тоа што најголем број е бројот 6 и означува потполна заштита од прашина.
Вториот број (од 0 до 9) означува отпорност на течности, а највисоката ознака 9K означува отпорност на млазеви вода под висок притисок и висока температура од повеќе правци.
Најчесто на телефоните ќе видите ознакa со броевите 7 или 8. Телефоните со IP67 ознака се отпорни на привремено потопување во вода на длабочина од 15 сантиметри до 1 метар, додека телефоните со IP68 ознака се отпорни на потопување во вода подлабока од 1 метар.
Важно е да се знае дека ознаките се врзани за лабораториски услови, додека во реалниот свет нештата функционираат поинаку, па различни течности имаат и различно влијание на водоотпорните лепенки и материјали коишто ги штитат влезовите за полнење, слушалки или капакот на батеријата. Солената вода, на пример, така може да ја оштети и нагризе батеријата.
IDC Наведува дека течностите се втора најчеста причина за настанување на оштетувања кај сите попрвени телефони (со 35.1 отсто), веднаш после скршените екрани.
Инаку, речиси сите овогодинешни најпопуларни телефони, како што се HTC U11 или Galaxy S8 и Sony Xperia XZ Premium се отпорни на вода. HTC U11 има IP67 ознака, додека Galaxy S8 и XZ Premium се нешто поиздржливи со IP68 ознака.
Ако веќе сте се нашле во ситуација за телефонот да ви паднал во вода, најважно е да ги извадите колку што е можно побрзо. Секоја секунда ги зголемува шансите за водата да продре до контактите и да го оштети уредот. Исклучете го (ако е вклучен) и извадете ја батеријата ако тоа е можно. Телефонот потоа би требало да го проветрите и продувате, но никако да употребувате фен бидејќи топлината може да ги оштети контактите.
Извлечете ја влагата од слотовите колку повеќе можете (microSD, слушалки...) и ставете го телефонот во силика топчиња коишто имаат многу подобро дејство за разлика од оризот, намирница којашто исто така може да послужи како прирачно сретство за извлекување на влагата.
Ако е возможно, телефонот би требало да го потопите во 96-процентел алкохол, кој би ја извлекол целата вода од телефонот. Ова е добра напомена во случај телефонот да ви паднал во море бидејќи алкохолот ќе ја потисне водата од контактите и ќе ја намали шансата да дојде до нивна оксидација.
Телефонот после некое време може да го извадите, а алкохолот брзо ќе изветрее. После темелното сушење, единствено што ви преостанува е да го испробате уредот и да видите дали се' функционира како и претходно.