[ВИДЕО] Кога ќе видите што пронашле научниците во близина на Антарктикот ќе бидете изненадени – морското дно е неверојатно

Точка

09/09/2025

14:30

725

Големина на фонт

а а а

Експертите од Институтот „Schmidt Ocean“ забележале необично суштество на околу два километри под ледената површина во близина на Јужните Сендвички острови.

Тие снимиле огромен длабокоморски пајак додека ползел по дното на Јужниот океан.

Морските пајаци се далечни роднини на копнените пајаци. Во поларните области многу од примероците достигнуваат необични димензии, а поради појавата познати се како длабокоморски гигантизам.

Научниците претпоставуваат дека овие пајаци стануваат толку големи затоа што ниските температури им овозможуваат да имаат забавен метаболизам.

„Огромниот притисок и ледените температури кои за копнените организми како луѓето се ненадминливи препреки, на некои животни им овозможуваат исклучително бавен метаболизам и способност да достигнат џиновски размени“, објасниле од Институтот.

Длабокоморскиот гигантизам е присутен и кај одредени видови октоподи, медузи, ражи и лигни.

Досега се откриени речиси 1500 видови морски пајаци кои се сместени во редот Pantapoda. Овие пајаци немаат бели дробови, дишат низ своето надворешно оклопно ткиво, а притоа не гризат.

Се хранат така што со помош на цврстата структура ја цицаат внатрешноста на меките морски животни како медузите и морскиот анемон, пренесува „The Independent“.

Засега непристапноста до длабокоморскиот свет, дури и за најсовремените подводни возила, сѐ уште го отежнува истражувањето на ваквите суштества.

Сепак, во иднина речиси е извесно дека ќе бидат откриени уште многу необични и восхитувачки организми кои се развиле во тие таинствени и недоволно истражени длабочини на нашата планета.