Мајкл Редфорд потпиша договор за режија. Харизматичниот Бандерас ќе го глуми Феруџо Ламборџини, основачот на познатата автомобилска марка "Ламборџини", а Алек Болдвин ќе го толкува неговиот ривал - Енцо Ферари. Насловот на филмот неофицијално гласи: "Ламборџини - Легендата"
Филмот е базиран врз книгата на синот на Ламборџини, Тонино, и го отсликува долгиот живот на претприемачот, од производството на трактори до создавањето на воени возила за време на Втората светска војна. Потоа следува дизајнирањето и градењето на единствените Ламборџини автомобили кои го дефинираа неговото наследство и беа катализатор во извлекувањето на Италија од поствоената рецесија. Планот е овој филм да се снима летово во Италија како и на други светски локации.
Андреа Лерволино и Моника Бакарди од AMBI Group ги побараа правата за биографијата на Феруџо Ламборџини, La storia ufficiale (Официјалната приказна) уште пред две години. Тие ќе го финансираат филмот и го вработија оскаровецот пистаел/режисер/продуцент Боби Мореско ("Crash", "Million Dollar Baby") да го напише сценариото за филмот.
Тонино Ламборџини, синот на Феруџо и автор на неколку книги за неговиот татко, изјави: "Мојата книга - Феруџо Ламборџини, Официјалната приказна - е единствениот текст кој совршено и достоинствено го доловува реалниот живот на татко ми, наспрема бројните легенди и анегдоти напишани или изјавени од страна на други луѓе кои бараат момент на слава. Јас навистина верувам дека овој филм може да се преточи во фотографија и зборови за големата хуманост на Феруџо и до гледачите од целиот свет да се пренесе личноста на мојот татко: маж полн со енергија, харизма и страст."
Овој филм ќе вклучува и љубовна приказна. Љубителот на брзи, луксузни автомобили, Ламборџини, имал по еден автомобил за секој ден од неделата. Сепак, неговата љубов се протегала подалеку од автомобилите - неговата љубов за жените, славниот начин на живот и бизнисот е резултат на огромните драми кои ги имал во својот живот и овие потраги и искуства ќе бидат подеднакво дел од филмот како и самите автомобили.
Енцо Ферари