Едвард Орлов, основач на компанијата Devolro, пред неколку дена вети дека на Доналд Трамп ќе му подаро луксузен SUV “Diablo”, ако милијардерот стане 45-ти претседател на САД.
Орлов е инаку по потекло од Русија, односно Абхазија, а во Америка пристигнал со десет години. Тој денес важи за еден од најценетите тјунери на автомобили.
Почетната цена на овој модел на SUV е 199 илјади американски долари, а автомобилот е базиран на моделот Toyota Tundra со 4x4 погон и 5.7-литарски V8 агрегат којшто произведува 530 КС (максимално до 600 КС).

“Diablo” е еден од автомобилите коишто дефинитивно би сакале да го поседувате ако се приближува катаклизма или крај на светот. Каросеријата и шасијата се максимално зајакнати, додека овој модел во однос на класичната Toyota Tundra од асфалтот е подигнат за дополнителни седум инчи. Инаку, волуменот на резервоарот изнесува 173 литри.

Орлов пред да започне да се занимава со тјунирање на SUV модели, преходно работел како возач на камиони. Како база го избрал Мајами, додека свои претставништва има во Германија, Монголија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и секако, Русија.
Компанијата Devolro нуди седум различни верзии од своите модели базирани на Toyota Tundra, а најскапаа верзија е “Interceptor” којашто стартува од 259 илјади долари.