Самсунг: Водоотпорен телефон кој - не е водоотпорен!

Точка

11/07/2016

16:10

6.135

Големина на фонт

а а а

Се чини дека се појавија првите проблеми за телефонот на Самсунг од „семејството“ Galaxy.

Корисник на Самсунг Galaxy S7 Active телефонот кој бил рекламиран како водоотпорен, се соочил со сериозни проблеми откако решил да им се пофали на своите пријатели и да фотографира под вода.

Телефонот од овој тип кој се продава во Соединетите Американски Држави и чини околу 795 долари, не ги поминал тестовите кои ги спровеле Consumer Reports – непрофитна организација која што спроведува тестирање на вакви производи во САД.


Самсунг тврди дека нивниот телефон може да „преживее“ под вода цели 30 минути на длабочина до метар и пол. Меѓутоа, од Consumer Reports организацијата соопштија дека после 30 минути, екранот започнал да прикажува само зелена боја и ја изгубил функцијата за допир.

Марија Реречич, директорка на организацијата вели дека купиле два вакви телефони и двата паднале на тестот. Самата таа призна дека е изненадена од тестовите затоа што тврдењата на Самсунг во главно биле вистинити.


Од јужнокорејската компанија тврдат дека досега пристигнале само неколку жалби на милиони продадени примероци и нагласија дека телефоните се тестирани на најдобар и најнапреден начин. Но, очигледно е дека секогаш може да се јави грешка во производството која што ќе резултира со „уништена“ водоотпорност.

Со слични проблеми се соочуваше неодамна и компанијата Sony која што продаваше телефони од Xperia Z серијата како водоотпорни. Сепак, откако голем број на корисници се пожалија дека телефоните им се расипале откако фотографирале под вода, или случајно ги полеале со вода своите телефони, компанијата мораше да реагира и да издаде соопштение преку кое „им препорачува на корисниците да не ги користат своите телефони под вода, иако се водоотпорни“.