Италијанскиот актер Бад Спенсер, познат по улогите во "шпагети вестерн" филмовите, починал во Рим на 86 години, јавуваат светските медиуми.
Роден е како Карло Педерсоли на 31. октомври 1929. година во Неапол ѝ е првиот Италијанец кој 100 метри во слободен стил препливал за помалку од минута.
Исто така, бил дел од италијанската пливачка репрезентација на Олимпијадата во Финска во 1952. година, како и во Мелбурн четири години подоцна. Два пати во натпреварувањето во слободен стил стигнувал до полуфиналето, а бил и добар ватерполо играч.
Од 1947. до 1949. година работел во италијанскиот конзулат во Рецифе во Бразил, каде течно научил да зборува бразилски јазик. Завршил правен факултет, а првиот филм во кој се појавил бил "Quo Vadis" од 1951. година, кој бил снимен во Италија.

Во текот на 50-тите и 60-тите во главно снимал филмови за италијанскиот пазар, а во 1967. година го менува името во Бад Спенсер, во чест на актерот Спенсер Трејси и неговото омилено "Budweiser" пиво.

Најпознат е по улогите во "шпагети вестерн" филмовите и како дел од дуото со Теренс Хил. Двајцата глумеле во хитови како "Ace High" и "They Call Me Trinity", а заедно снимиле вкупно 18 филмови.

"Теренс Хил ми е како брат и како сите браќа не се согласуваме секогаш добро. Нашиот однос веројатно се пренесува и на филмовите, но тој секогаш може да смета на мене и јас на него. Секогаш уживавме да работиме заедно и веројатно и затоа снимивме и толку филмови заедно", рекол Спенсер.

На крајот од кариерата Спенсер се посветил на пишување сценарија, станал пилот, а има и регистрирано неколку изуми.

Се оженил со Марија Амато во 1960. година со која има три деца - Џузепе, Кристина и Диаманта.

Во политиката влегол во 2005. година, и бил дел од партијата "Напред Италија" на Силвио Берлускони.

"Во животот бев сè. Само три работи не бев - балетан, џокеј и политичар. Со оглед на тоа дека првите две не доаѓаат во предвид, се фрлил во политиката", изјавил тогаш Спенсер.