Сè почеста е алергијата која се јавува веќе при првото изложување на сончеви зраци.
Велат дека алергиите се болест на 21 век, а една од сè почестите е онаа која се јавува при првото изложување на сончевите зраци. Не е потребно долго време да престојувате незаштитени на сонце, доволно е само да поминете половина час надвор и веќе можат да ви се појават непријатните симптоми.

Оваа алергија се манифестира како осип во вид на ситни бели и црвени точки, меурчиња или болни плускавци, проследени со неподносливо чешање. Најчесто се јавува во долниот дел од вратот, градите, лактите, на грбот, подлактиците, задната страна од рацете и нозете.
Може да се појави одеднаш, а претходно да сте немале ваква реакција на сонце.
Првата помош за ублажување на непријатноста е – нема да ви се верува – сапунот! Натопете го сапунот и истријте ги воспалените делови од кожата. Оставете сапунот да се исуши. За кратко време чешањето би требало да престане. Доколку осипот е посериозен, задолжително треба да посетите лекар.

Ако веќе од претходно сте имале ваков вид на алергија, најдобро е веќе при првите сончеви денови да нанесувате крема со заштитен фактор, како и да избегнувате директно изложување на сонце. Бидете под сенка и носете облека направена од лесни материјали која го покрива поголемиот дел од кожата.