Фудбалската школа на Барселона произведе голем број на неверојатни фудбалски ѕвезди во изминатите десетина-петнаесет години, а во последно време вистинска атракција во популарната "Ла Масија" е 12-годишниот вундеркинд кој е роден во Холандија, Чави Симонс.
Покрај тоа што го носи името на легендарниот капитен на Барселона кој во текот на изминатово лето стави крај на својата незаборавна етапа на „Камп Ноу“, младиот Симонс веќе го доби епитетот на „новиот Чави“ и поради позицијата на која игра, а и поради тоа што уште од сега го носи дресот со број 6.
Верните навивачи на Барселона досега во неколку наврати имаа можност да се запознаат со огромниот потенцијал на суперталентираното момче од Амстердам, но во последните 24 часа апсолутен хит на социјалните мрежи е еден негов феноменален слалом и една негова луцидна асистенција која и тоа како потсеќа на легендарниот играч од средниот ред на Каталонците.

Xavi Simons 2014/2015 from Navid Molaaghaei on Vimeo.