Радмила Павловска е Директор за маркетинг ПР и иновации во Гемак Траде и основач на првиот македонски магазин за угостителство Bar Code, магистер по меѓународен маркетинг, експерт за угостителство, член на повеќе бизнис и сервисни клубови, добитник на неколку признанија и награди, и пред сè, мајка и Скопјанка.
Која е Радмила Павловска? (приватно и службено)
Најубаво е кога описот за еден човек е ист и за неговиот приватен и за неговиот професионален живот. Јас мислам дека во голема мерка сум го постигнала тоа и дека сум истиот човек и професионално и приватно.
Накратко, според фактите, јас Директор за маркетинг ПР и иновации во Гемак Траде и основач на првиот македонски магазин за угостителство Bar Code, сум магистер по меѓународен маркетинг, експерт за угостителство, член на повеќе бизнис и сервисни клубови, добитник на неколку признанија и награди, мајка и Скопјанка.
Не би сакала да ги набројувам моите професионални, академски и социјални скалила кои ги имам поминато, бидејќи сметам дека тоа е малку сувопарно, па би се обидела само преку набројување на неколку клучни атрибути да се дефинирам себе си. Луѓето обично ме доживуваат како директна, чесна, искрена, одлучна и по малку крута личност. Јас се гледам себе си како човек кој постојано сака да учи, да открива нови работи, да им помага на другите, да ги менторира помладите, да не прави чекори во празно, да набљудува и да анализира... Ме “убиваат” рутината, досадата и недостатокот на предизвици...
Каков беше вашиот пат до успехот со оглед на фактот дека работите во една од подобрите компании во Мк на позиција за која многумина би “убиле”?

Патот е многу природен и затоа е и успешен. Заедно се развиваме, фирмата како организација а јас како личност и професионалец. Паралелно ги развивавм моите менаџерски способности и знаењата и вештините од областа на маркетингот и ПР-от. Она што не го наоѓам преку работното место, го надополнувам со приватни ангажмани за напредок според моите афинитети и потреби.
Освен мојата природна ориентација кон напредок, морам да напоменам дека голем придонес кон тоа има и тимот околу мене кој постојано ме инспирира и мотивира. Тоа, во комбинација со фактот дека еден од рецептите за успех е и примената на основните човечки вредности неминовно доведуваат до успех. Тука пред сè мислам на чесноста, искреноста, добронамерноста, работливоста и останатите универзални вредности кои воопшто го водат напред целото човештво.
Колку вашата работа придонела во вашето градење како личност со оглед на тоа дека сте во оваа фирма од вашите најмлади години?
Неминовно е работата да го моделира човекот, но опасно е ако работата го дефинира. Балансот помеѓу личниот интегритет и прилагоденоста кон професијата се постигнува само ако се работи работа која се сака. Јас ја имав таа среќа да се пронајдам во она што го работам. Во мојот случај, работата, поточно се што ми се случуваше околу работата, ми помогна да ги изострам моите социјални вештини и да го развијам позитивниот став кон животот.
Соработувате со едни од најдобрите брендови во светски рамки, која е предноста?
Предноста на соработката со светски познати и успешни брендови е повеќекратна. Најважната придобивка е знаењето. Кога на располагање ги имате анализите и пристапот до сите новитети на глобално ниво, автоматски ви се менува и начинот на гледање на нештата во локални рамки што е предуслов за поголем успех.
Втората придобивка е развивањето на глобален начин на размислување, она што го нарекуваат, international mindset. Освен на деловно поле, предностите на ваквиот начин на работење се пренесува и на приватен план, односно, луѓето кои работат со светски брендови, стануваат луѓе кои побрзо и поквалитетно напредуваат во животот, имаат повеќе разбирање за она што се случува околу нив, и генерално се поотворени и пофлексибилни личности.
Гемак го знаат најчесто по Johnnie Walker... колку се пие Johnnie Walker и зошто токму Johnnie?

Johnnie Walker е најпродаваното виски во свет и во првите 10 алкохоли од сите категории. Тоа не е случајно, затоа што овој пијалок има огромно кредибилно наследство од квалитет, иновации и приказна. Сево ова е надополнето со одличен маркетиншки пристап, кој секогаш е во тек со потребите на конзументите и со тоа станува подостапен и попосакуван од останатите вискија. Во линија на ова би ја споменала само една од кампањите која сите добро ја познаваат, а тоа е кампањата Keep Walking која зборува за личниот напредок и успех на поединците и е актуелна и атрактивна, еве веќе седумнаеста година по ред.
Што најмногу се конзумира од алкохол?
Секој регион во светот има своја специфика во поглед на потрошувачката на алкохол. Кај нас традиционално најмногу се пие ракијата, а од увозните пијалоци вотката малку предничи во однос на вискито. Останатите категории на пијалоци како што се џинот, румот, текилата и слично, се за жал, многу мали.
Она што мене особено ми е криво, е тоа што коктел културата многу бавно се развива кај нас, и што е најчесто, предуслов за одреден тип или категорија на пијалак да се троши повеќе е цената, која поради економската ситуација ги тера конзументите да се преориентираат кон понеквалитетни пијалаци.
Фактот дека алкохолот е прилично чувствителна тема, но истовремено и секогаш актуелна, како функционира вашата работа?
Алкохолот како и тутунот и лековите спаѓа во таканаречените општествено осетливи производи поради последиците кои може да ги предизвикаат со неодговорна употреба. Поради ова, многу е важно да се внимава на рекламирањето и пристапот кон конзументите.
Треба да се внимава на многу работи. Најважни од нив се: возраста на конзументите, користењето на алкохолот и сообраќајот, прифатливата доза на алкохол за уживање наспроти дозата за злоупотреба, посебните медицински состојби, верските определби, како и комбинацијата на алкохолот со други нешта.
Кое е вашето лично мислење за продажба на алкохол законот по 19:00?
Сметам дека е комплетно неоправдан и бескорисен.
Што им препорачувате на младите кои конзумираат алкохолот?

Пред сè препорачувам одговорна конзумација. Под ова подразбирам разумна количина на алкохол, квалитетни производи, но и паметни ситници кои го ублажуваат дејството на алкохолот. Тука би ги споменала: времетраењето на конзумација, кое треба да биде што поразвлечено, задолжителна конзумација на големо количество вода, пожелна комбинација со храна, задолжително избегнување на учество во сообраќајот и потенцијално опасни ситуации.
Според вас каков е ноќниот живот во Скопје
Ова е моја омилена тема, а во прилог на тоа оди и фактот што јас сум основач и сопственик на првиот македонски магазин за угостителство Bar Code, магазин кој седум години, меѓу другото се занимаваше со анализа и активности за подигнување на нивото на ноќниот живот во земјава. Затоа ќе се обидам да бидам кратка, иако на оваа тема можам да одговорам со цела книга.
Напредок има, меѓутоа, за жал, морам да констатирам дека нештата можат да бидат многу подобри. Факт е дека во услови на криза, прв страда ноќниот живот и забавата, што поради економските можности, што поради губењето на вредности и добро расположение.
Најголемата забелешка што ја имам на ноќниот живот во Скопје е неразновидноста и едноличноста. Сè се сведува на неколку исти, незабавни типови на излегување - иста програма, ист ентериер на сите места, исти разговори... Луѓето што излегуваат веќе и заборавиле дека примарната цел на излегувањето е забавата и дружењето. Ако одиме уште малку подлабоко, излегувањето е и многу повеќе од тоа - одржување на социјална релевантност, show off, одржување на чувството за припадност кон група, држење чекор со трендовите и со тоа што се случува во светот, релаксација и уште многу други нешта. Ако се запрашате, што од ова го гледаме околу нас при вечерните излегувања, ќе видите дека сè уште сме на многу базично ниво на ноќен живот, споредени со другите земји.
Кој е вашиот омилен пијалок и зошто?
Johnnie Walker Black - затоа што е најдобар!
Што правите во слободно време?
Со тек на време се повеќе ја ценам “самотијата”. Не во смисол на осаменост, но во смисол на квалитетно време за регенерација, размислување, развивање на позитивни чувства кон себе и кон околината. Во слободно време правам сè што ме одмара, ја развива мојата креативност а ја задоволува мојата природна љубопитност и потреба од секојдневно учење.
Моето мото е “When was the last time you did something for the first time” што е одлична основа за откривање нови нешта и одржување на младешкиот дух. Тоа значи дека секогаш правам нешто различно. Во моментов се занимавам со јога, готвам егзотични јадења, учам цртање, повторно се поврзувам со стари пријатели со кои се изгубивме низ времето и многу спијам.
Интервјуто го водеше: Стефани Златку
Најубаво е кога описот за еден човек е ист и за неговиот приватен и за неговиот професионален живот. Јас мислам дека во голема мерка сум го постигнала тоа и дека сум истиот човек и професионално и приватно.
Накратко, според фактите, јас Директор за маркетинг ПР и иновации во Гемак Траде и основач на првиот македонски магазин за угостителство Bar Code, сум магистер по меѓународен маркетинг, експерт за угостителство, член на повеќе бизнис и сервисни клубови, добитник на неколку признанија и награди, мајка и Скопјанка.
Не би сакала да ги набројувам моите професионални, академски и социјални скалила кои ги имам поминато, бидејќи сметам дека тоа е малку сувопарно, па би се обидела само преку набројување на неколку клучни атрибути да се дефинирам себе си. Луѓето обично ме доживуваат како директна, чесна, искрена, одлучна и по малку крута личност. Јас се гледам себе си како човек кој постојано сака да учи, да открива нови работи, да им помага на другите, да ги менторира помладите, да не прави чекори во празно, да набљудува и да анализира... Ме “убиваат” рутината, досадата и недостатокот на предизвици...
Каков беше вашиот пат до успехот со оглед на фактот дека работите во една од подобрите компании во Мк на позиција за која многумина би “убиле”?
Патот е многу природен и затоа е и успешен. Заедно се развиваме, фирмата како организација а јас како личност и професионалец. Паралелно ги развивавм моите менаџерски способности и знаењата и вештините од областа на маркетингот и ПР-от. Она што не го наоѓам преку работното место, го надополнувам со приватни ангажмани за напредок според моите афинитети и потреби.
Освен мојата природна ориентација кон напредок, морам да напоменам дека голем придонес кон тоа има и тимот околу мене кој постојано ме инспирира и мотивира. Тоа, во комбинација со фактот дека еден од рецептите за успех е и примената на основните човечки вредности неминовно доведуваат до успех. Тука пред сè мислам на чесноста, искреноста, добронамерноста, работливоста и останатите универзални вредности кои воопшто го водат напред целото човештво.
Колку вашата работа придонела во вашето градење како личност со оглед на тоа дека сте во оваа фирма од вашите најмлади години?Неминовно е работата да го моделира човекот, но опасно е ако работата го дефинира. Балансот помеѓу личниот интегритет и прилагоденоста кон професијата се постигнува само ако се работи работа која се сака. Јас ја имав таа среќа да се пронајдам во она што го работам. Во мојот случај, работата, поточно се што ми се случуваше околу работата, ми помогна да ги изострам моите социјални вештини и да го развијам позитивниот став кон животот.