Девојката која пораснала со Ал Пачино, ќе ви го одземе здивот со својата убавина...

Точка

18/01/2016

22:30

20.214

Големина на фонт

а а а

На наша голема радост, Камила најчесто рекламира долна облека и костими за капење.


18 – годишната Камила Мороне растела со холивудската легенда Ал Пачино, а денес со својата убавина го одзема здивот со секој нов едиторијал и пред неа е одлична кариера.


Оваа убавица е ќерка на Лусила Полак која осум години била во врска со холивудската легенда Ал Пачино. Таа е родена во Лос Анџелес и никогаш не го менувала местото на живеење.

Нејзиниот татко бил манекен, па не е чудно што таа тргнала по неговите стапки, бидејќи со таков изглед би било грев да остане непозната за јавноста.


Камила тврди дека сè на неа е природно. Таа вели дека често ѝ поставуваат прашања за градите бидејќи на луѓето им делувале некако премногу совршено, но младата убавица тврди дека сето тоа ѝ го подарила мајка природа и дека не ја сака естетската хирургија. Иако работи како многу успешна манекенка, нејзиниот сон е да се запише во училиштето за глума во Њујорк.



Иако е толку млада, таа веќе станала заштитно лице на популарниот бренд за долна облека Викторијас Сикрет.

На социјалната мрежа Инстаграм, оваа 18 – годишна секс бомба е вистинска ѕвезда и веќе има 271.000 следбеници.

A photo posted by Camila Morrone (@cami_morrone) on



За разлика од многу модели, Камила вели дека не е секогаш на диети и дека својот изглед го должи на јогата и физичката активност. „Салатите не се за мене. Повеќе сакам паста. Исто така, сакам шницли со пржени компири. Но, обожувам да вежбам. Одам на јога и возам велосипед“, вели младата убавица.

A photo posted by Camila Morrone (@cami_morrone) on