Развод, апсење и хоспитализација: 3 дена по крахот на бракот, сопругата на славниот актер со лисици на раце

Точка

17/06/2025

16:14

1.864

Големина на фонт

а а а

Кели Вулф (48) завршила во болница во сојузната држава Јута откако полицијата интервенирала поради загрижувачките изјави кои ги упатила кон членови на семејството. Целиот инцидент бил пренесен во живо на Инстаграм во петокот на 13 јуни.

Полицијата реагирала на повик на загриженото семејство

Според официјалното соопштение, полицијата реагирала на пријава за „жена на која ѝ е потребна помош“. Кели, која престојувала во ресортот „Sundance“ од средата, била приведена и ѝ биле ставени лисици поради безбедносни причини.

„Кога нашите заменици разговараа со неа, сфатија дека претходно упатила загрижувачки коментари кон член од семејството, а слични изјави повторила и пред нив“, се наведува во соопштението.


Кели од болница објавила: „Ова е ужасно“

Откако била пренесена во болница, Кели по пат на Инстаграм приказна, објавила фотографија од болничката соба и напишала:

„Ова е ужасно. Однесена сум против своја волја. Ве молам, проверете како ми се децата. Никогаш не сум била посреќна во животот, не знам зошто ми го прават ова“.

На видеото во живо, кое подоцна го споделила и на својот профил, се гледа како мирно соработува со полицијата, иако гласно протестира поради нивната постапка. Еден од службениците ѝ вели:

„Не одиш во затвор. Само сакаме да провериме дали си добро“.


Развод и ментално здравје „под лупа“

Само три дена по инцидентот, Вулф објавила дека се разведува од актерот Скот Вулф со којшто била во брак 21 година. После тоа, нејзиното однесување на социјалните мрежи го загрижило семејството.

Засега, ни Кели ни нејзиниот поранешен партнер не го коментирале настанот јавно, а претставник на Скот Вулф не одговорил на прашања на новинарите.