Морничаво видео го покажува моментот на експлозијата во Турција во која животот го загубија најмалку 28 лица

Точка

20/07/2015

15:32

6.308

Големина на фонт

а а а

Најмалку 28 лица починаа, а повеќе од 100 се повредени од експлозијата која се случи пред културен центар во Суруч, на границата со Сирија.

Министерството за внатрешни работи на Турција изјави дека ова се смета за терористички напад. Постојат грижи дека бројот на жртви може да порасне, додава министерството во соопштението: „Ги повикуваме сите да се држат заедно и да останат мирни во очите на овој терористички напад, кој цели на сплотеноста на нашата земја“, пишува.

Турскиот портал Hurriyet објави страшно видео на кој е прикажан точниот момент на експлозијата, кое можете да го видите овде.

„Видов повеќе од 20 тела. Мислам дека бројот на ранети е повеќе од 50. Сé уште ги носат со возила на итната служба“, изјавил анонимен сведок за Ројтерс, накратко после експлозијата.

„Возилата на брзата помош и приватни автомобили ги собираат повредените. Многумина беа убиени – 20 или 30. Одам кон болницата да помогнам“, вели Адхам Башо, локален политичар.


Сé уште не е потврдено што ја предизвика експлозијата во градот кој се наоѓа на само 10 километри од границата со Сирија. Во пограничниот град Кобани минатиот месец имаше и ненадеен терористички напад изведен од Исламска држава, во кој починаа повеќе од 200 лица.

Двајца турски полицајци изјавиле за Ројтерс дека имаат докази дека се работи за напад на бомбаш-самоубиец, кој е член на ИСИС.

„Нашите првични докази покажуваат дека станува збор за напад на бомбаш-самоубиец од Исламска држава“, вели полицаецот.



Мета на експлозијата биле најмалку 300 млади лица од Федерацијата на социјалистичките младински асоцијации, кои се собрале пред културниот центар Амара. Младите наводно оделе на летна експедиција за да помогнат во повторното изградување на Кобани.

„Имаше многу насилна експлозија, се затресовме. Во моментот се одржуваше конференција“, вели Махмут Боке, вработен во општината на Суруч.


Спонзорирани линкови

Маркетинг