[ВИДЕО] Голем пожар ноќеска во Скопје: Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

A1ON.MK

11/09/2026

10:34

198

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во трговски дуќан на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, при што интервенираa екипи на Територијалната противпожарна единица.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарникарите на терен беа од 3:31 до 6:45 часот. Во гаснењето учествуваа 15 пожарникари со шест противпожарни возила.

Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и противпожарните служби по завршувањето на интервенцијата и увидот.