Претрес во Куманово, пронајдена дрога: Уапсен 53-годишен маж

Макфакс

11/09/2026

10:10

77

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 53-годишен маж по судска наредба, при што пронајден и одземен е хероин во неговиот дом. По документирање следува пријава.

Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 53-годишниот А.И. од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.